Vereinbaren Sie einen Termin

Schedule a review

00389 2 3091 484

Behandlung von Frakturen

Фрактура е скрешена коска. Коската може да биде скршена целосно или на делови во секоја позиција или начин надолжно, попречно или на повеќе парчиња.

Типови на скршеници

Коските се крути, но тие се виткаат до одреден степен кога ќе се примени надворешна сила. Сепак, доколку силата е премногу голема, коските ќе се скршат, исто како што се крши пластичен линијар кога премногу ќе се свитка.

Сериозноста на фрактурата обично зависи од силата која го предизвикала кршењето. Доколку точката на кршење на коската е надмината само малку, тогаш коската може да напукне наместо целосно да се скрши. Доколку силата е екстремна, како што е во автомобилска незгода или прострелна рана, коската може да се скрши.

Доколку коската се скрши на таков начин што фрагментите од коската стрчат преку кожата или доколку раната продира надолу до скршената коска, фрактурата се нарекува „отворена“ фрактура. Овој тип на фактура е особено сериозен бидејќи штом кожата се скине, може да се случи инфекција во раната и во коската.

Вообичаените типови на фрактури вклучуваат:

  • Стабилна фрактура. Скршените краеви на коската се во линија и одвај се надвор од своето место.
  • Отворена, сложена фрактура. Кожата може да биде продупчена од коската или од удар кој ја кине кожата во моментот на фрактурата. Коската може или не може да биде видлива во раната.
  • Попречна фрактура. Овој тип на фрактура има хоризонтална линија на фрактура.
  • Коса фрактура. Овој тип на фрактура е под агол.
  • Раздробена фрактура. Кај овој тип на фрактура, коската се крши на три или повеќе парчиња.

 

Ursache

 

Најчестите причини за фрактури се следните:

  • Траума. Пад, незгода со моторно возило или напад за време на фудбалска игра сите можат да резултираат со фрактури.
  • Остеопороза. Ова нарушување ги заслабува коските и ги прави покршливи.
  • Прекумерна употреба. Повторливите движења можат да ги изморат мускулите и да нанесат повеќе сила на коската. Ова може да резултира во фрактури од притисок (напрегање). Фактурите од напрегање се повообичаени кај спортисти.

Симптоми

Многу фрактури се многу болни и може да ве спречуваат да го движите повредениот дел. Други симптоми вклучуваат:

  • Отекување и чувствителност околку повредата
  • Модринки
  • Деформитет — екстремитетот може да изгледа како да е „надвор од местото“ или дел од коската може да ја продупчи кожата

 

Behandlung

 

Гипсана имобилизација

Гипс или стаклени влакна (стаклена волна) се најчестиот тип на третман на фрактура бидејќи повеќето скршени коски може успешно да заздрават штом бидат препозиционирани и штом биде нанесено гипсен слој за да се задржат скршените краеви во правилна положба додека заздравуваат.

Функционален гипс или спојка

Гипсениот слој или спојка овозможува ограничено или „контролирано“ движење на блиските зглобови. Овој третман е пожелен за некои, но не за сите фрактури.

Влечење

Влечењето обично се применува за да се порамни коската или коските со нежно, бавно влечење.

Надворешна фиксација

Кај овој тип на операција се ставаат метални иглички или завртки во скршената коска над и под местото на фрактурата. Игличките или завртките се поврзуваат со метална прачка надвор од кожата. Овој уред е стабилизирачка рамка која ги држи коските во соодветна положба додека заздравуваат.

Во случаи каде што кожата и другите меки ткива околку фрактурата се многу оштетени, може да се примени надворешен фиксатор додека да може да биде толерирана операција.

Отворено намалување и внатрешна фиксација

За време на оваа операција, фрагментите од коските прво се препозиционираат (намалуваат) во нивното нормално подредување, и потоа се држат заедно со специјални завртки или со прикачување метални плочки кон надворешната површина на коската. Фрагментите исто така може да се држат заедно со ставање шипки надолу низ просторот од срцевината во центарот на коската.

 

Erholung

За фактурите да заздрават потребни се неколку недели до неколку месеци, во зависност од степенот на повредата и колку добро го следите советот на вашиот доктор. Болката обично прекинува многу време пред фрактурата да биде доволно цврста да се справи со напрегањата од нормална активност.

Дури и откако ќе биде отстранет вашиот гипс или спојка, можеби ќе треба да продолжите да го ограничувате вашето движење додека коската да биде доволно цврста за нормална активност.

Во текот на закрепнувањето веројатно ќе изгубите мускулна сила во повредениот дел. Одредени вежби ќе ви помогнат да ја вратите нормалната мускулна јачина, движење на зглобовите и флексибилност.