 00389 2 3091 484
					00389 2 3091 484
				
октомври 31, 2025
Дебелината кај децата стана сериозен здравствен предизвик. Таа е присутна кај голем број деца и го загрозува не само нивното сегашно здравје, туку и здравјето во иднина. Раното идентификување и преземање конкретни активности се клучни за да се спречи дебелината да стане хронична болест.
Главни причини
Дебелината кај децата е хронична болест која се должи на повеќе причини. Значајна улога имаат:
Дебелината во детството може да предизвика рани компликации како што се дијабетес тип 2, хипертензија, дислипидемија и проблеми со зглобовите. Психолошки, честа појава е децата да страдаат од ниска самодоверба, изолација или булинг во училиште. Понатаму, веројатноста за одржување на дебелината во зрелоста е голема, со долгорочни здравствени последици.
Постојат ефикасни превентивни мерки кои зависат од секојдневниот начин на живот во семејството:
Доколку овие мерки не се доволни, односно тежината на детето продолжува брзо да се зголемува, се препорачува консултација со стручни лица.

Детската дебелина бара мултидисциплинарен третман. За тоа е потребен тим составен од педијатар, нутриционист, детски кардиолог и психолог. Ова медицинска подршка нема за цел само да се намали тежината, туку и да им се помогне на децата и нивните семејства да усвојат трајни навики кои ќе го подобрат нивното здравје и благосостојба.
Дебелината кај децата не е само козметички проблем; тоа е здравствена состојба што може да влијае на целиот живот на една личност. Некзиното рано идентификување и соодветното дејствување прават голема разлика дали болеста ќе стане хронична или децата ќе добијат шанса да пораснат во здрави индивидуи.
Закажете го вашиот термин за преглед и консултација на 02 3091 484