00389 2 3091 484
jovan.ivchev@zmc.mk
2016
-Завршил докторски студии по клиничка медицина и докторирал на тема: “Подготвеност за одговор при масовни инциденти со хемиски, биолошки ·и радиолошки агенси – претхоспитална и хоспитална подготвеност” под менторство на Проф. др Елисавета Стикова.
2005
Специјализирал Општа хирургија на Клиниката за Хирургија во Скопје
2001
Завршил постдипломски студии од областа на хирургијата со просек 9,40 и магистрирал 2001 година на тема: “Уро-дигестивни фистули: дијагноза, третман и превенција” под менторство на Проф др. Живко Попов – Уролошка клиника Скопје.
1997
Специјализирал Уролопuа на Клиниката за Урологија во Скопје
1988
-Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје
2016
Вработен како професор по урологија и хирургија на Факултетот за медицински науки, Универзитет Гоце Делчев – Штип, Северна Македонија
2013
Поставен за Началник на санитетска служба на АРМ.
2009-2013
– Вработено како активно воено лице, Полковник на АРМ, упатен на служба во Канцеларијата за Врски на Р. Македонија во Атина како Одбранбен Аташе на РМ.
– Вработен како хирург-уролог во ГОБ “8-ми Септември”- Скопје, како раководител на секторот за уролошка хирургија при хируршките одделенија.
2008
Добиено звање Асистент по хирургија на Медицинскиот факултет во Скопје.
1997-2007
Началник на отсекот за уролошка хирургија во Воената Болница во Скопје.
1993 – 2009
Вработен на хируршките одделенија во Воената Болница во Скопје, како специјалист по општа хирургија и урологија.
1988-1991
Вработен во Здравствен дом за трудова медицина во Велес.
1991-1993
Лекар – активно воено лице, Началник на Санитетска Служба на Бригада, во Велес.
Универзитетска кариера
2022
Добиено звање Вонреден Професор по урологија и хирургија на Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.
-Ментор на докторски студии од областа на хирургијата на Факултетот за медицински науки во Штип.
-Ментор на специјализанти по урологија и општа хирургија од Факултетот за медицински науки во Штип и едукатор на голем број студенти по општа медицина и специјализанти по урологија, гинекологија и општа хирургија.
-Учесник на голем број стручни меѓународни симпозиуми, конгреси и семинари како предавач (Мичиген Универзитет во Ен Арбор – САД, меѓународен уролошки конгреси во Правец и Софија, Р Бугарија, меѓународен уролошки конгрес во Белград, Р Србија, Солун, Р Грција и др).
-Вработен како наставен Професор по предметите: урологија, хирургија 1, хирургија 2 и Клиничко испитување 1 и 2 на Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.
– Професор по предметите: Општа хирургија и Хирургија со нега на болен на Високата медицинска школа при Универзитетот “Климент Охридски” во Битола
2019
Предавач на Воената Академија “Михаило Апостолски” по предметот – воена хирургија.
2017
Добиено звање Доцент по урологија и општа хирургија на Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип.
2008
Се стекна со звање Асистент по хирургија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Скопје, Р. Македонија.
-Континуирана едукација од областа на лапароскопската урологија на Клиниката за урологија во Софија, Р. Бугарија во 2019, 2022, 2023 и 2024 година.
-Завршен меѓународен курс за лапароскопска урологија на Медицинскиот факултет во Плевен 2019 година,
-Завршени поголем број на меѓународни курсеви и обуки од областа на воената медицина и хирургијата: Усовршување од областа на Ендоурологијата и лапароскопската хирургија на Универзитетот во Мичиген – Ен Арбор 1999 г„курсеви по воена медицина во рамките на програ’мата на НАТО во Зонтхофен-Германија, Лендштул-Германија и Шпиц Швајцарија, континуирана едукација по урологија на Универзитет на Јужна Калифорнија UЅС-САД, завршен курс на НАТО за воена хирургија во Осло-Норвешка 2008, континуирана едукација по урологија и општа хирургија на хируршките одделенија на “417 Воена Болница” во Атина 2010-2013 година.
DOI: 10.5281/zenodo.3818603
Трудови објавени во зборници
Објавена наставна литература:
-Скрипта по урологија за студенти по медицина во март 2022 година
-Практикум по урологија за студенти по медицина во март 2022 година
-Флуентно познавање на англиски и грчки јазик
Интерес: наука и спорт
– Плакета за допринос во здравството на Р.С Македонија од страна на Лекарската Комора на Македонија, април 2025 година.
-Добитник на ” Сребрена значка на АРМ” за 25-годишна успешна работа како активно воено лице на Армијата на Република Македонија, 2012 година.
-Добитник на општествената награда и спомен плакета “9-ти Ноември” за допринос во развојот на град Велес 2007 година.
Англиски
Српски