Естетска корекција на уши- Аурикулопластика или Отопластика

Дневна доза здравје

февруари 17, 2026

Аурикулопластика ( Отопластика) претставува хируршка интервенција од областа на Пластична Реконструктивна и Естетска хирургија со која се врши корекција, ремоделирање на големината, формата и поставеноста на ушната школка ( аурикула).
Најчест естетски проблем во детската возраст се проминентни односно клемпави уши. Овој естетски проблем во раната возраст често пати поради исмевање од врсниците (булинг) понатаму води кон психолошки проблем кај децата.Од овие причини се препорачува корекција на ушите да се направи во предшколската возраст.

Аурикулопластиката може да се направи во било која возраст, се препорачува тоа да биде одкако ќе заврши растот на ушните школки, односно после 5-тата година.
Оваа хируршка интервенција може да биде извршена во локална анестезија или во општа анестезија во зависнот од соработката со детето.

Постојат повеќе хируршки техники, како техники при кој се ремоделира рскавицата на ушната школка со сечење (Cartilage-cutting techniques), техники при кој со поставување на шавови се ремоделира рскавицата (Cartilage-sparing methods), комбинирани техники на ремоделирање на рскавицата со сечење и поставување на шавови (Modern otoplasty favors a graduated approach by combining suture techniques). Со индивидуален пристап на преглед се прави проценка која хируршка техника ќе даде најдобри естетски резултати а при тоа да не дојде до намалување на надворешниот ушен отвор со цел да не дојде до намалување на функцијата, слухот.

Пациентите постоперативно може веднаш да си одат дома или да останат една вечер во болница.
Заздравување на раните вобичаено е комплетно по две недели, а за еден месец може да се види дефинитивниот резултат. Во првите две недели потребно е пациентот да доаѓа на контроли при што се прават редовни преврски на раните кои се скриени позади уште. Воедно и лузните ќе бидат скриени позади ушите во природната бора што понатаму овозможува истите да не бидат видливи.