III сестрински когрес

Настани

октомври 9, 2024

Викендов (4-6.10.2024г.) во просториите на хотел Дрим во Струга се одржа годишниот конгрес на медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри. Во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од националното сестринско здружение ЗА НАС – Здружение на мед. сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри а под покровителство на Kлиника Жан Митрев, на тридневниот конгрес беа одржани над 60 предавања и панел дискусии од регионални и интернационални предавачи.

Присуствуваа над 400 учесници, а опфатени беа голем број едукативни теми. Горди сме на нашите сестри Жанета Богоевска Митева – член на научниот одбор, која освен што беше модератор на панел дискусиите се претстави со своја презентација на тема ,,Подобрување на здравствената нега преку дигитализација,,.

Со теми поврзани за автономијата на сестрите при различни процедури се претставија и сестрите Везире Тасевска ,,Автономија на сестрата при ЕКГ холтер мониторинг,, , Весна Стојановска ,,Улогата на медицинската сестра при ласерски третман на васкуларни лезии,, , Јулијана Цековска ,,Сестринска автономија во ендоскопска процедура,, и Светлана Ончева ,,Употреба на хипербарна комора,, која исто така беше и модератор. Додека пак сестрите Сузана Костовска и Бети Игнатова се претсавија со свој постер за ,,Значењето на сестринската автономија во ангиографска сала,,. Специјален поздравен говор за поддржка одржа и д-р Емил Стоицовски – медицински директор на клиниката.