,,Меланом тивок непријател под кожата,,

Настани

мај 27, 2025

Мај е месец на подигнување на свеста за превенција од меланом. Во текот на овој месец, многу здравствени организации и иницијативи ширум светот спроведуваат кампањи за едукација на јавноста за важноста од заштита од сонце, рана детекција и редовни дерматолошки прегледи. Здружението КИКИ со поддршка од нашата клиника, организираа едукативно предавање посветено на раната детекција на меланомот – најагресивниот тип рак на кожа. Навременото препознавање на симптомите може да спаси живот.

Предавачите д-р Анџелика Илиева специјалист по дерматовенерологија, д-р Александра Лазаревска специјалист по дерматовенерологија, д-р Живорад Коцевски специјалист по пластична, реконструктивна и естетска хирургија и д-р Милан Ристески специјалист по онкологија, на големиот број присутни им објаснија:

  • Како изгледаат првите знаци на меланом
  • Кои се ризичните фактори
  • Совети за самопреглед и кога да се обратите на лекар
  • Современи методи за дијагностика и третман

Утре како дел од активностите, ќе се вршат бесплатни дерматолошки прегледи за кои задолжително треба да закажете термин на 02/3091-484.