00389 2 3091 484
март 24, 2026
Менопаузата не значи само прекин и отсуство на менструален циклус, туку значителна метаболна промена, каде естрогенот како главна хормонска контролна точка во организмот на женатта, се намалува, предизвикувајќи низа промени на целокупното здравје, вклучително и на коскениот систем. Во нормалната здрава коска наизменично работат два циклуси, процес на создавање (остеобласти) и процес на разградба на коскено ткиво (остеокласти). Естрогенот особено делува на ублажување на процесот на коскена разградба, влијаејќи на остеокластите, па додека е тој во доволна количина во организмот, така и коскената разградна е под контрола, доведувајќи до стабилизација на коскената маса.
Со почетокот на менопаузата, количеството на естроген во циркулацијата почнува постепено да се намалува и така неговото влијание врз клетките на коскена разградба (остеокластите) почнува да се намалува, па коската почнува повеќе да се разградува отколку создава. Ваквиот процес е најинтензивен во првите 5 до 7 години од почетокот на менопаузата каде може да се изгубат и до 20% од коскената маса.
Со влегување во менопауза, нивото на естроген значително опаѓа. Ова доведува до:
Како резултат, ризикот од кардиоваскуларни заболувања кај жените по менопауза значително се зголемува и постепено се изедначува со оној кај мажите.
Естрогенот има заштитен ефект врз кардиоваскуларниот систем, особено кај жени во репродуктивниот период. Тој:
Поради овие ефекти, жените пред менопауза имаат помал ризик од срцеви заболувања во споредба со мажите на иста возраст.
Намалувањето на коскеното ткиво на почетокот доведува до состојба која се нарекува остеопенија, доколку оваа состојба продолжи подолг временски период без соодветна дијагностика и суплементација, следува состојба на остеопороза која е напредна фаза на намалена коскена густина при што е зголеемн ризикот за фрактура на коските. Остеопорозата е безболна и често жените не се свесни дека нивните коски се ослабени, се додека не се случи некоја повреда и фрактура. Затоа дијагностиката на оваа болест мора да биде навремена.
Златниот стандард за дијагноза на остеопороза е Остеодензитометријата (ДЕКСА скен) кој ја одредува густината на коските, најчесто на колкот и рбетот. Се одредува преку изразување на Тскор кој е одреден со правење споредба на густината на коските на пациентот со онаа кај здравата популација. Со вредност од -1 до -2.5 е првата фаза или остеопенија, а над -2.5 е критериум за остеопороза.
Како дополнување на остеодензитометријата, се применуваат и лабораториски анализи како што се остеокалцин, бета крос лапс, калциум, фосфор, витамин Д.
Препораките се дека секоја жена над 65 години треба да направи скрининг за остеопороза.
За жените кои се помлади од 65 години, се препорачува ваков скрининг само доколку има некаков дополнителен ризик фактор како многу мала телесна тежина (Индекс на телесна маса под 19 kg/m²), долготрајна употреба на кортикостероиди, рана менопауза (пред 45-та година) и слично.
Естрогенот е еден од главните женски полови хормони и има многу важни улоги во организмот – не само во репродуктивниот систем, туку и во одржување на здравјето на срцето и крвните садови.
Хормонската супституциона терапија (естрогенска терапија) може да има позитивни ефекти кај одредени жени, но не е препорачлива за сите. Таа може да:
Сепак, може да носи и ризици (како тромбози или одредени видови карцином), па затоа одлуката за терапија секогаш треба да се донесе индивидуално, во консултација со лекар.
Без оглед на нивото на естроген, здравиот начин на живот е клучен:
Естрогенот игра значајна заштитна улога за срцето, но со неговото намалување во менопауза, ризикот од кардиоваскуларни заболувања расте. Затоа е важно жените навреме да обрнат внимание на своето кардиоваскуларно здравје и редовно да се контролираат.
Во насока на заштита на женското здравје во клиника Жан Митрев актуелни се промотивни цени и пакети за дел од услугите. Нудиме поволноси за сите жени кои сакаат да направат Менопауза хормонален панел, DEXA, консултација за менопауза како и кардиоваскуларна проценка.