00389 2 3091 484
април 28, 2025
Новороденчето е симбол на нов почеток – и физички, и емоционален. Тоа не е само „мало човече“, туку личност што веќе учи, чувствува и комуницира. Периодот на новороденчето е време на чудо, одговорност и љубов – време кое брзо минува, но засекогаш останува запаметено.
Првите 28 дена по раѓањето на бебето се познати како новороденечки период. Тоа е време на огромни и брзи промени, време кога секој здив, секое движење и секоја реакција на новороденото има свое значење.
Овој период започнува со првиот плач – знак дека белите дробови започнале со работа. Во тие први мигови, организмот на бебето минува низ драматични промени: од мајчината поддршка, преминува на самостојно дишење, одржување на телесна температура, варење, излачување и адаптација на целокупниот метаболизам. Тоа е време на огромен физички и физиолошки напор, но и време кога се поставуваат темелите за понатамошниот раст и развој.
На прв поглед, новороденчето изгледа поспано и мирно, но неговиот организам не мирува. Еве што најчесто ги интересира родителите:
Во текот на новороденечкиот период, бебето е под надзор на медицинскиот тим. Се прават:
Првиот преглед кај матичниот педијатар треба да се направи најдоцна 7 дена по напуштање на болницата.
Ова е најтешкиот период, период на адаптација на новороденото, но истовремено и на родителите кон него. Новороденчето не знае зборови, но знае да чувствува. Го чувствува ритамот на срцето на мајката, мирисот на таткото, топлината на домот. Неговото тело, иако мало, има неверојатна способност за адаптација и преживување. Но истовремено, ова е и период кога е најранливо, најподложно на инфекции, затоа е важно:
Новороденчето е симбол на нов почеток – и физички, и емоционален. Тоа не е само „мало човече“, туку личност што веќе учи, чувствува и комуницира. Периодот на новороденчето е време на чудо, одговорност и љубов – време кое брзо минува, но засекогаш останува запаметено.