00389 2 3091 484
декември 12,2024
Никола Далас, пациентка од Англија успешно беше оперирана во Клиника Жан Митрев. По претходно неуспешниот ортопедски зафат, Далас патеше од силни болки во коленото и неможност за движење по што решава да го истражи приватното здравство и доаѓа во Клиника Жан Митрев. Тимот ортопеди успешно направи целосна реконструкција на колено, вадење на имплант вграден во Англија и поставување нов, санирање пукнатина на предниот вкрстен лигамент и други тетиви, по што Никола Далас движејќи се патува дома.
„Откако возач ме пречека и донесе во Клиниката веднаш ми ги направија сите можни испитувања и ме уверија дека се е во ред и може да се направи операцијата. Мислам дека ме испитаа од глава до петици. Целиот персонал на болницата е брилијантен и сите се запознаени со состојбата на пациентот, секогаш знаат што не е во ред и што ви треба“, вели Далас за својот престој во Клиника Жан Митрев.
Долгото чекање термин за преглед и прескапото приватно здравство во Англија, ја натераа Далас да допатува во Клиника Жан Митрев од каде заминува движејќи се самата.
„Сега се чувствувам многу добро и иако овде сум среќна едвај чекам да се вратам на мојот нормален живот и рутина. Се ми се допадна тука, но најмногу грижата од персоналот и професионалноста во тоа што го работат. Повторно би се вратила тука, доколку имам потреба и Клиника Жан Митрев би ја препорачала секому“, додава Далас.