Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

13.08.2018

Од свадба, во болница во Врање па во Zan Mitrev Clinic

My alt text

Наместо да се весели и забавува на свадба Шаип Мустафовиќ од Прешево завршил во болница. Навидум нестварно но ете токму тоа му се случило на овој човек кој со најдобра намера дошол од Германија каде што живее и работи во своето родно место со цел семејна веселба.

– Одеднаш почнав да чувствувам гушење, отежнато дишење и замор. Не се чувствував добро и покрај првичната помош што ми ја дадоа најблиските роднини а после и локалните доктори. Веднаш заминав во болница во Врање каде што ме прегледа една докторка кој мислам дека ми го даде вистинскиот и најпотребниот совет во тој момент, совет кој значеше живот за мене. Ми кажа дека имам инфаркт и дека во околните болници не ќе можат да ми помогнат и дека најблиска сериозна болница кој ќе го реши мојот проблем со најмал ризик е Zan Mitrev Clinic-раскажува Шаип, присетувајќи се на сè што поминал изминативе денови и на сè што можеше да му се случи.

Во нашата клиника бил итно преземен по што му биле направени вообичаените прегледи по што и вграден стент. Сега, по операцијата тој се чувствува добро и се подготвува да замине во својот дом.

Додека разговаравме за случката од нашиот соговорник дознаваме дека голем дел од населението на Прешево и Врање знае за нашата клиника и за медицинските услуги што ги нуди дознаваат пред сè од Интернет, од нашата интернет страна www.zmc.mk но и од нашиот профил на социјалната мрежа Фејсбук. Освен тоа, можеби и за изненадување, голем дел и од докторите во тамошното јавно здравство ја препорачуваат нашата клиника како сигурно и професионално решение за пациентите пред сè кога станува збор за здравствени проблеми за кои не може да се чека.

– Јас требаше да чекам 3 месеца за да ме оперираат во болницата во Ниш, но, дали бев во состојба да го преживеам тој период или не тоа никому не го интересира. Благодарам на доктор Жан Митрев што ја направи оваа болница во срцето на Балканот каде што му е достапна на секому. Кога се нуди решение, кога постои решени ќе го најдеш но ако нема тогаш е многу лошо. Времето пак е најважното кога станува збор за вакви проблеми какви што имав јас – додава Шаип Мустафовиќ.

 

My alt text