Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

04.05.2020

Прва постоперативна контрола на малиот Димитар

Малиот Димитар во нашата клиника беше примен на 07.04.2020 со дијагноза на тешка вродена срцева маана (Тетралогија на Фало). На прием детето беше со ниска кислородна сатурација и знаци за срцево оптеретување и слабост. На 08.04.2020 се направи тотална корекција со затварање на вентрукуларниот септален дефект и проширување на десната предкомора и пулмоналната валвула.
Оперативниот тек помина во најдобар ред. Заради специфичноста на заболувањето и тежината на општата состојба детето беше на пролонгирана механичка вентилација и со високи дози на инотропна подршка. Опасноста од десно срцева слабост постепено ја надминавме со внимателно следење на виталните параметри и соодветна терапија за подршка на срцевата работа.
Малиот борец беше успешно симнат од машината за дишење четвртиот постоперативен ден. Во следните денови постепено ја воспоставивме исхраната на уста со млечна формула и продолживме со респираторна и физикална терапија.
        Седмиот постоперативен ден мајката повторно го зема во својата прегратка. Првото спојување после операција секогаш е најемотивниот и воедно најубавиот момент. Чувство кое со зборови не се опишува. Целиот труд што смего вложиле се гледа во тие моменти на среќа и радост. Со Димитар и неговото семејство ќе се гледаме на редовните контроли. Ќе се гушкаме и радуваме на секое негово напредување и растење – изјави доктор Дијана Попевски, анестезиолог во нашата клиника.
Од името на целиот персонал од Zan Mitrev Clinic му ја посакуваме целата среќа и радост. Да останат така храбри и позитивни засекогаш, тука сме секогаш како поткрепа во било која ситуација.