Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Искуства на наши пациенти

Назад до Искуства

06.12.2019

Транспозиција на големи крвни садови кај новороденче

Михаил е роден на 19. Ноември во Клиничка болница Штип. Веднаш по раѓањето се препознаени симптоми на вродена срцева мана и на возраст од 8 часа е префлрено на Клиника за детски болести, каде е дадена соодветна грижа.
Поради респираторен дистрес е интубирано и поставено на механичка вентилација. По реализраниот ехокардиографски преглед и прецизирање на маната во прилог на транспозиција на големи крвни садови поставено на простогландинска терапија како и супортивна срцева терапија и е префрлено во Жан Митрев Клиника за оперативен третман.

– Во нашата болница новороденчето пристигна во тешка општа состојба, со генерализрана цијаноза (модрило по целото тело), со кислородна сатурација од 40%, со забразно и отежнато дишење, со ниска тензија, со знаци за срцево и бубрежно попуштање, состојба која побаруваше итна кардиохируршка корекција. И во нашата болница се потврди вродена срцева мана Транспозиција на големи крвни садови. Моментот на доаѓањето на пациентот беше многу возбудлив, затоа што веќе се оперираше 4 месечно доенче со сложена срцева мана, така што периодот додека заврши таа операција беше искористен за итно стабилизрање на состојбата на Михаил, предоперативна подготовка по протокол со анализирање на потребната лабораторија, ретгенографска анализа, трансфузиолошка анализа. Воедно кај новороденото се детектираше и специфична крвна група, О негатив, за што мораше веднаш да се обезбеди крв и крвни деривати – објасни Д-р. Јорданка Маџовска, педијатар во нашата клиника.

Новороденчето се оперираше од страна на нашиот тим на чело со Д-р. Жан Митрев, која операција траеше 4 часа. Се направи артериска switch операција, што значи прешивање на големите крвни садови на соодветното излезиште, поточно аортата се прешива на излезиштето на левата комора а белодробното стебло на излезиштето на десната комора, како и прешивање на коронарните крвни садови од новата аорта, со што се доби целосна корекција на вродената срцева мана.
Постоперативниот период генерално помина без компликации, редовно ехокардиографски следено со уредна срцева функција.
Тринаесетиот постоперативен ден новороденчето беше споено со мајката и веќе од следниот ден се започна со активно доење.
Транспозиција на големи крвни садови е вродена срцева мана која влегува во групата на цијаногени мани со двосмерен шант, и претставува аномалија каде аортата наместо од лева комора излегува од десна комора а белодробната артерија наместо да излегува од десна комора излегува од лева комора. Така низ организмот главно циркулира крв која што не е оксигенирана а со тоа организмот не е снабен со доволни количини на кислород.

Оваа аномалија е живото загрозувачка аномалија, доколку веднаш не се превземе соодветен третман. Таа е дуктус зависна мана, поточно потребно е да се одржува артерискиот дуктус (спојот помеѓу аортата и белодробната артерија) отворен. Третманот се состои од две можности, правата е палијативна со балон атриосептотомија по Рашкинд, со отварање на поголем отвор помеѓу двете преткомори со цел мешање на поголем дел од крвта и со тоа повеке оксигенирана крв со тоа што по неколку недели треба да се пристапи кон целосна корекција на вродената срцева мана и втората опција е кардиохируршки третман со комплетна корекција на срцевата аномалија, информираше доктор Жан Митрев.

Ова е втор случај на ваква вродена срцева аномалија која се третира кај нас. Претходната беше во август. Редовно се следи во нашата институција, сега доенчето Риниса е со одличен ехокардиографски наод на срцето, со одличен напредок во телесната тежина.