Повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без операција

Настани

ноември 13, 2024

Нашата д-р Синоличка Џамбазова – специјалист отропедски хирург, хирург за рака, уште еднаш успешно ја примени својата иновативна метода. На пациентот ова му е втор ваков зафат. Претходно беше спроведен на десната, а сега и на левата рака, со што беа отстранети последиците од Дипитренова контрактура од 4 стадиум.
Имено за оваа процедура позната како иглеста фасциотомија д-р Џамбазова има добиено повеќе награди од кои последната беше Прва награда во светот за 2023 година.
Клиниката Жан Митрев е еден од ретките центри каде оваа техника се применува во најтешките стадиуми од болеста.