„Американците треба од вас да учат“ – изјави задоволен пациент

април 04,2025

,,Со благо и вкусно да го одбележиме моето успешно лекување во клиниката,, – вели г-дин Слободан Трендафилов, кој со полна количка торти ги изненади вработените од сите оддели низ кои помина како пациент изминатиов период.
Тој на почетокот на месецов по сериозни кардиоваскуларни проблеми беше итно хоспитализиран.
,,Чуствував голем замор, стегање во градите, болки при дишење. Знаев дека нешто не е во ред и веднаш дојдов во вашата клиника.
Доктор Илија Нешковски ме прегледа и ми кажа дека имам околу 90 % запушување на дел од крвните садови околу срцето. Предложи хоспитализација и итна „бајпас“ операција. Го послушав и останав во клиниката. За два дена ме оперираа вашите хирурзи и сега еве по десеттина дена тука сум и славам со сите вас,, – вели господин Слободан додека ги набројува сите кои ги запознал за време на неговиот престој во клиниката.
Семејството Трендафилови и лично му се заблагодарија на д-р Жан Митрев за беспрекорна грижа која тие ја добиле од целокупниот персонал на клиниката.
,,Знам како е во Америка. Верувајте Американците треба да дојдат тука и од вас да учат како се води една болница и како треба да функционира еден комплетен здравствен ситем – додава господинот Трендафилов.

Целиот тим на клиника Жан Митрев му посакува брзо и целосно закрепнување.