Давор – уште еден јунак кој излезе како победник од Центарот за мајка и бебе

ноември 11,2025

Малиот Давор роден 9 недели пред терминот, успешно ги надмина сите пречки и по 3 недели во интензивната нега на центарот за мајка и бебе, под будно око на тимот лекари и сестри, ја напушти болницата. Во целиот процес од првиот ден на раѓањето неговата мама беше тука за него држејќи го во прегратка. Тој сега заедно со своите родители и постарото братче ќе се радува и расте безгрижно.