00389 2 3091 484
февруари 02,2023
Срцевите проблеми на г-дин Драган Костадинов од Гевгелија започнале уште одамна. А во далечната 1997 година во Белград му била направена и операција при што му била поставена механичка валвула. По 14 годни, минатата недела, тој беше примен во нашата болница во тешка општа состојба, септичен и со нефункционална валвула. Нашиот кардиохруршки тим предводен од д-р Митрев поради животозагрозувачката состојба на пациентот веднаш пристапи кон решавање на проблемот. Извршена му беше итна операција на срцевата валвула. Токму брзата одлука и спроведување на соодветна операција му овозможија на г-дин Костадинов да добие втора шанса за живот и воедно и да го прослави својот роденден. Погледнете го неговото сведоштво.