00389 2 3091 484
јули 07,2019
Лана се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје на 14 април во 24-та гестациска недела, со апгар 1/3/4. Беше тешка само 720 грама и долга 33 сантиметри. По 94 дена, од кои првите 21 ден поминати на ГАК, а потоа во нашата клиника, таа замина дома со 2.200 килограми.
Нејзините родители Лила и Петар Ѓурчилови се заблагодарија на лекарите за сѐ што сториле за Лана да преживее.
„Најголемата битка ја победивме и подготвени сме за следните животни предизвици.
Ништо немаше од ова да биде реалност да не постоеја овие прекрасни луѓе кои се дел од тимот кој неуморно, деноноќно се бореа да преживееш. Без вас луѓе ова немаше да биде реалност! Голема благодарност до Zan Mitrev Clinic , која кога најмногу ни беше потребна нѐ згрижи и се потруди да ни бидат обезбедени најсовремените услови и нега. И на крај огромна благодарност до Клиниката за гинекологија и акушерство и до целиот медицински тим кој нѐ одржа во живот 21 ден. Никогаш, никогаш не губете надеж луѓе, чуда се случуваат – изјавија родителите на Лана.