00389 2 3091 484
јануари 01,2022
На крајот на минатата година во нашата болница беше извршена уште една успешна операција која е карактеристична за академик д-р Жан Митрев и неговиот тим.
Беше направена успешна автотрансплантација на срце кај 55 годишен пациент со терминална валвуларна болест.
Автотрансплантација на срце, како процедура ги има истите фази како и трансплатанција на срце од друг донор. Разликата е во тоа што кај автотрансплантација, не се врши замена на оштетениот орган, туку се реконструира срцето на пациентот на кого му се прави интревенцијата.
Од 2000 година до сега ова е 5-та ваква операција направена од академик д-р Жан Митрев. Последната ваква интервенција беше направена во 2017 година кај 64 годишна жена.
,,Овој пациент не е прв пат кај нас. Имено пред 15 години му беше направена замена на митралната валвула со механичка, а минатата година беше хоспитализиран заради срцева слабост во склоп на КОВИД-19 инфекција кога и се утврди неизбежна потреба од автотрансплантација. Кај пациенти со овој тип на проблем, односно со паравалвуларно пропуштање на митралната валвула, автотрансплантација на срце е единствено решение. Кај нив проширувањето на преткоморите на срцето е огромно, што често пати може да предизвика откачување на тромб односно мозочен или срцев удар кој резултира со смрт. За среќа, нашиот пациент г-динот Драган Ристовски, по направената опсежна ресекција на левата преткомора и сутура на пропуштањето, со уреден постоперативен тек, по една недела беше отпуштен на домашно опоравување. “, изјави д-р Митрев.
Благодарноста од него и неговото семејство, намената за тимот лекари кои учествуваа не само во операцијата туку и во периодот пред и по неа, ни ги испрати веднаш штом пристигна дома. ,,Благодарам е мал збор во споредба со она што го добив во Жам Митрев Клиник. Би започнал со д-р Енвер Идоски за кој низ годиниве имам само пофални зборови. Во оваа прилика сакам јавно да му се заблагодарам за целата поддршка пред и после операцијата. Големо благодарам на целиот персонал од интензивна нега кои беа покрај мене во најкритичните моменти, и секако најголемо БЛАГОДАРАМ за д-р Жан Митрев кој овозможи целата наша приказна да добие среќен крај. Ви благодарам уште еднаш што ми дадовте можност моето срце да продолжи да работи,, ни напиша во својата порака Драган Ристовски.