00389 2 3091 484
март 03,2022
По повеќегодишни континуирани обиди да пронајде решение за својот проблем – вдлабнат граден кош, г-динот Дритон Мемедовски се обрати за решение во нашата болница. Имено тој беше со вроден деформитет на градниот кош ,,пектус екскаватум,, или познат како вдлабнат граден кош. Овој деформитет всушност претставува состојба при која градната коска е потоната навнатре кон градите. Кај сериозните случаи изгледа како градната коска да била отстранета и тоа оставило големо вдлабнување. Иако се забележува веднаш по раѓање, оваа состојба особено се влошува после периодот на адолесценција и последиците од истата може да прогресираат понатаму во животот. Како состојба почесто се појавува кај машки отколку кај девојчиња.
Покрај визуелниот проблем, се манифестира и со сериозни проблеми со дишењето и работата на срцето што беше случај и кај нашиот 28 годишен пациент. Согласно неговото кажување во последната година тој неколку пати бил хоспитализиран поради проблем со дишењето и срцевиот ритам. Дритон се пожали дека покрај овие симптоми се соочувал и со силно нарушување на вкупниот квалитет на живот поради што се обидувал да пронајде трајно решение. Иако му било кажувано дека не е можно, сепак не се откажал. Се обрати кај нас во клиничката болница Жан Митрев и по направените прегледи, академик д-р Жан Митрев со својот тим успешно ја изведе операцијата за корекција на неговиот вроден деформитет. Сега градниот кош е вратен во нормална форма и облик што ќе овозможи непречено функционирање на срцето и белите дробови кај овој млад човек.
Г-динот Мемедовски е веќе на домашно закрепнување и како што ни кажа тој е презадоволен и благодарен за направеното.
Ние му посакуваме уште многу години активен живот исполнет со здравје.