00389 2 3091 484
ноември 11,2025
Со големо задоволство споделуваме дека г-дин Шапков – нашиот прв пациент, здравјето сеуште го служи одлично. Заедничката приказната за взаемна доверба и грижа трае над 25 години. Тој е пример за дисциплина и упорност. Со редовни контроли и грижа за своето здравје, успешно ги совладува сите животни и здравствени предизвици. Деновиве тој повторно беше кај нас на кратка хоспитализација по што за среќа си замина во одлична состојба.
Неговата посветеност и нашиот континуиран медицински надзор се доказ дека навремено следење и превентивна грижа се клучот за долгорочно здравје. Благодарни сме за неговата верност и доверба што трае повеќе од 2,5 децении.
