00389 2 3091 484
март 03,2023
Седумдесет годишен пациент од Битола е уште еден пример кој после лекувањето во Жан Митрев клиника, успешно се избори со прекумерната тежина. Петровски по поминати само 3 недели во Жан Митрев клиника веќе може самиот да се движи и да го продолжи животот без ризик од многу други болести предизвикани од дебелината.
Тој беше хоспитализиран во сериозна здравствена состојба со прекумерна тежина и огромни тешкотии во дишењето. Со соодветни третмани, комбиниран медицински пристап и диететски режим, изгуби повеќе од 20 килограми. Се чувствува многу подобро и ја напушти клиниката со ветување дека строго ќе се придржува на дадените препораки.
„Дојдов на лекување во Жан Митрев Клиника затоа што имав големи проблеми, мака со дишењето, ставив многу кила. Дојдов со 147 килограми, а сега, за 3 недели тежината е намалена на 127, а тоа е среќа. Сега дишењето ми е во ред и се чувствувам одлично“, вели Петровски.
Погледнете ја трансформацијата на нашиот 70годишен пациент од Битола кој се избори со оваа болест на денешницата.