Уште еден јунак од нашиот Центар за мајка и бебе си замина дома

декември 12,2025

Новороденче старо еден ден со дијагностициран едностран пнеумоторакс и отежнато дишење, беше транспортирано од друга секундарна здравствена установа на одделот за интензивна нега при Центарот за мајка и бебе во нашата клиника. Истото беше веднаш згрижено од тимот со цел да се реши настанатата состојба. Пнеумотораксот е состојба при која воздухот кој нормално се наоѓа во алвеолоте на белите дробови, излегува надвор од алвеолите. Ваквата состојба е многу почеста кај новроденчињата, отколку во било кој друг период од животот. Инциденцата е 1-2% од сите живородени бебиња. 👶🤱

Во овој случај стануваше збор за така наречен спонтан пнеумоторакс, што значи дека бебето имало нормален развојот на белодробието. 🫁

По направените испитувања, одбран беше конзервативен пристап, при што дојде до комплетна резолуција, опоравување. По 6 дена активно следење и третман овој јунак замина дома во добра општа состојба.

Му посакуваме многу здравје и безброј безгрижни мигови. ❤❤❤