00389 2 3091 484
ноември 11,2022
Решение за хронична срцева слабост
Срцева слабост или како што уште се нарекува слабо срце – е долговременска состојба која се влошува со текот на времето. Настанува кога срцевиот мускул е ослабен и не е во состојба да испумпа толкава количина на крв неопходна за да ги задоволи потребите на телото.Ако не се препознае, дијагностицира и третира адекватно води до лош квалитет на живот, чести болнички лекувања и смрт.
Во Европа над 15 000 000 луѓе годишно умираат од срцева слабост и е една од водечките причини за смртност.
Срцевата слабост може да биде акутно настаната и таа вообичаено се повлекува после адекватен и навремен третман, но може да помине во хронична и ли пак да заврши со смрт.
Хроничната срцева слабост настанува постепено, од почеток не непрепознатлива, но многу бргу доведува до губиток на квалитетниот живот на пациентот.
Најчести причини за срцева слабост се:
Хроничната срцева слабост претставува заболување кое се карактеризира со прогресивно пропагање на срцевиот мускул, што пак води кон намалување на квалитетот на животот кај пациентите со оваа состојба.
Целта која сакаме да ја постигнеме со третирање на хроничната срцева слабост е да се успори или пак запре напредувањето на ова заболување. Со тоа и бројот на хоспитализации кои се повторуваат, и секако намалување на стапката на морталитет во крајна линија.
Постојат неколку опции неинвазивни, но и оперативни.
Најважно е најпрво точно да се дефинира причината за настанување на срцева слабост. Ова ќе овозможи ефикасност во понатамошниот третман на ова заболување.
Покрај стандардниот медикаментозен третман постојат постои и хируршки т.е интервентени третмани за решавање на хроничната срцева слабост.
Доколку се работи за исхемична етиологија на ова заболување, се применува бајпас хирургија или пак стентирање. Додека пак, ако како причина се констатирани деструктивни промени на валвулите, тогаш се применува валвуларна хирургија.
Останатите терапевтски можности се: вградување на кардиовартер, дефибрилатор за превенција на смртен исход при малигни аритмии или пак вградување на ресинхронизирачки пејсмејкер.
Специфично е што кај пациентите со напреднат стадиум на срцева слабост кои имаат потреба од чести болнички лекувања, т.е се во NYHA IV класификација, неопходно е да се разгледа можноста за вградување на механичка циркулаторна потпора на срцето таканаречен ВАД третман.
Таков беше случајот и со нашиот последен пациент.
Вградувањето на ВАД му овозможува на пациентот кој е со срцева слабост да преживее додека да се реализира можноста за срцева трансплантација, и да му овозможи на пациенот подобрување на општата состојба на целиот организам.
Зависно дали се работи за лева, десна или пак двокоморна срцева слабост, постојат три типа на механичка циркулаторна потпора и тоа: ЛВАД за лева срцева слабост, РВАД за десна срцева слабост и при глобална срцева слабост (терминален стадиум на срцева слабост на двете комори се вградува БВАД поточно потпорна пумпа за левата комора и истовремено потпорна пумпа за десната комора РВАД).
Пумпата на ЛВАД системот се вградува апикално во левата комора, наспротив самата митрална валвула , и истата со помош на графт се поврзува со предниот дел на аортата веднаш над аортната валвула. Додека пумпата на РВАД системот се вградува во десната преткомора, и истата со графт е поврзана со пулмоналната артерија.
Хируршката процедура се изведува во услови на општа анестезија и екстракорпорална циркулација.
Кај нашиот пациент беше направен ЛВАД, по што тој успешно се опоравува и наскоро ќе биде отпуштен на домашно закрепнување.