00389 2 3091 484
Болницата организира едукации во форма на научни клубови на неделно ниво, стимулира и поддржува активни учества на македонски и европски конгреси, стимулира едукација во европски центри, организира семинари, работилници, курсеви за своите вработени и за здравствените работници, доктори, сестри и фармацевти, од Македонија и надвор од неа. Цел на едукацијата е континуирано подобрување на личните перформанси.
Во болницата работат професори и асистенти од повеќе области на медицината. Од 2010 година се спроведува теоретска и практична настава на студентите по општа медицина и специјализанти од универзитетот „Гоце Делчев“, Штип.
Од основањето на клиничката болница Жан Митрев, 2000 година, се залагаме за поместување на границите на македонското здравство и придонесуваме во развојот на медицината воопшто.
Спроведовме повеќе научни трудови, активно учествуваме на меѓународни реномирани конгреси. Добитници сме на награди. Учествувавме во повеќе меѓународни студии. Публикуваме во меѓународни списанија со висок импакт фактор.
Нашата цел е да практикуваме современа медицина, да ги следиме новините во медицината, но и да бидеме активни учесници во развојот на науката во медицината.
02.10.2018
Денеска во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic се одржи презентација од страна на компанијата SYNERGY која е застапник на компанијата VIVOSTAT од Данска за…
Погледни повеќе28.09.2018
Во среда, 26.09.2018, пред медицинскиот тим на Zan Mitrev Clinic се одржа презентација на компанијата ELMED. Презентацијата опфати два сегмента, и тоа: Дел…
Погледни повеќе25.09.2018
Во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic се одржа презентација на портфолиото на компанијата EWOPHARMA. Пред докторите на клиниката, д-р Верица…
Погледни повеќе