00389 2 3091 484
февруари 02,2025
На 29.01.2025 година, во рамки на научниот клуб во нашата клиника се одржа презентација на системот PathKeeper Surgical наменет за навигација при спинални операции.
Оваа технологија обезбедува динамично и високо прецизно, предоперативното хируршко планирање и навигација во реално време (real time) во тек на целата оперативна процедура на ’рбетот.
Системот кој беше презентиран пред нашите доктори, ги следи хируршките алатки и анатомијата на пациентот независно, преку 3D модел и слики со цел водење и прецизно позиционирање на уредот и имплантација на потребните елементи за успешни клинички резултати.
Компанијата Паткипер (PathKeeper Surgical) веќе шест години го развива и усовршува овој тридимензионален оптички систем кој овозможува прецизна навигација во реално време, без употреба на РТГ зраци, со што значително ја подобрува ефикасноста и безбедноста на хируршките зафати.
Главни предности на системот:
За време на презентацијата, присутните доктори имаа можност и практично да го тестираат системот, изразувајќи голем интерес и позитивни критики за неговата функционалност и потенцијал во модерната хирургија.
Ваквите иновации во медицинската технологија можат значително да ја подобрат хируршката прецизност и безбедност, отворајќи нови можности за иднината на спиналната хирургија.