МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

АНЕСТЕЗИОЛОГИЈА И РЕАНИМАТОЛОГИЈА

Центар за болка

Центарот за болка во Клиничката болница “Жан Митрев“ е специјализирана здраствена единица која се занимава со современ и мултидисиплинарен третман. Овој центар може да го подобри квалитетот на животот на пациентите кои страдаат од акутна, хронична или болка предизвикана од некое малигно заболување.

Најчести состојби  кои се третираат во Центарот за болка во нашата болница:

Мигрена

Мигрената е честа појава и скоро составен дел од болните сензации на современиот човек. Оваа болка може да се манифестира во вид на пулсирачка болка, стегаање во предел на слепоочниците или да биде резултат на хормонален дисбаланс.

Нападите на мигрена може да се третираат со некои антиревматски или аналгетски лекови, но честопати се потребни специјални лекови за мигрена. Тие се ефикасни главно кога се користат на почетокот на нападот.

Невралгии

Тригеминална невралгија се манифестира со многу силна болка која се протега по должината на едната страна од лицето. Постхерпетична невралгија и невропатија се болни состојби кои се решаваат неинвазивно во нашиот центар со примена на интравенска аналгетска терапија.

Болка во ‘рбетот

Најсилна болка се јавува кај дискус хернија. Овој вид на болка најчесто се јавува во лумбалниот дел од ‘рбетот, поретко во вратната регија, а може да се појави и поради спондилоза на ‘рбетот. Терапијата е неинвазивна, односно најчесто медицински, но се изведува и ултразвучна терапија.

Артроза

Ова е прогресивно хронично дегенеративно заболување. Во почетната фаза, третманот се базира на интравенска апликација на лекови. Блокадите во зглобот се многу ефикасни, а физикалната терапија овозможува подобра подвижност на самиот зглоб.

Ревматоиден артритис

Ревматоиден артритис е хронично воспалително ревматско заболување кое најчесто влијае на зглобовите на рацете и стапалата. Поради оштетување на периферните нерви, се применуваат невролошки лекови за болка. Ултразвучна терапија и блокада, се индицирани во оваа болест.

Болка предизвикана од малигни заболувања

Болка предизвикана од малигни заболувања може да се третира и да се ублажи. Најчесто се пропишува комбинацијата на разни аналгетици и коаналгетици. Со оваа терапија се започнува кога болката е со низок интензитет. Од терапии за болка може да се постави епидурален катетер. Во рамките на нашиот центар за третман на болка има психолошка служба за советување на пациенти со карциномска болка.

Центар за болка

Анестезиолошки процедури во оперативен блок

  • Општа едндотрахеална анестезија
  • Спинална анестезија
  • Епидурална анестезија за интраоперативна и постоперативен третман на болка
  • Регионални блокови – цервикален блок, феморален блок, аксиларен блок и други

  • Бронхоскопија
  • Пласирање на инвазивни линии како што се аретриски линии, централни венски катетери, пласирање катетри за дијализен третман, пласирање на интрааортна балон пумпа
  • Перкутано пласирање на тораклан дренови
  • Итна трахеотомија – перкутана.

Анестезиолошки процедури во оперативен блок

Анестезиолошки процедури во интензивна и полуинтензивна нега

  • Постоперативна нега и третман на оперирани болни
  • Интензивна нега за високо критични болни, болни со акутен мозочен инсулт, акутен миокарден инфаркт, белодробна тромбемболија, политраума, акутен респираторен дистрес, кардиоген шок, бубрежна инсуфициенција, септични пациенти, и др.
  • Пласирање инвазивни линии

  • Хемодијализа, хемофилтрација
  • Интрааортна балон пумпа
  • ЕКМО – екстракорпорална мембранска оксигенација
  • Пласирање торакални и абдоминални дренови
  • Перкутано пласирање трахеостома, гастростома и цистостома
  • Плеврални, перикардни и перитонеални пункции
  • Системска озон терапија

Одделите за интензивна и полуинтензивна нега се опремени со инвазивен и неинвазивен мониторинг, респиратори и вакууми на секој болнички кревет. Во двата оддела е обезбеден негативен притисок, на располагање се и соби за изолација кои се наменети за пациенти со докажани или суспектни инфекции.

Анестезиолошка амбуланта

Анестезиолошката амбуланта опфаќа анестезиолошки преглед на планираните пациенти за операција, анестезиолошка поддршка на амбулантски интервенции како гастроскопија, колоноскопија, цистоскопија, пласирање ЈЈ сонди, ангиографски интервенции кои бараат аналгоседација и третман на хронична болка.

Педијатриска интензивна нега

Единицата за падијатриската интензивна нега и терапија, опфаќа кардиохируршка интензивна нега на педијатриски пациенти (педијатриски пациенти од доенечки период се до 16 годишна возраст по кардиохируршка корекција на вродена срцева мана) како и неонатална интензивна нега (неонатуси од прв ден по раѓање).

Педијатриска интензивна нега

Останати доктори од овој оддел

Емил Стоицовски

Д-р Емил Стоицовски

Спец. по анестезиологија и реаниматологија

emil.stoicovski@zmc.mk

Види го профилот
Драгица Везенкова Вучкова

Д-р Драгица Везенкова Вучкова

Спец. по анестезиологија со интензивно лекување

dragica.vuckova@zmc.mk

Види го профилот
Тања Грамосли

Д-р Тања Грамосли

Спец. по анестезиологија и реаниматологија

tanja.gramosli@zmc.mk

Види го профилот
Симона Деспотовска

Д-р Симона Деспотовска

Специјализант по анестезиологија со интензивно лекување

simona.despotovska@zmc.mk

Види го профилот
Марко Ѓоргон

Д-р Марко Ѓоргон

Спец. по анестезиологија со интензивно лекување

marko.gjorgon@zmc.mk

Види го профилот
Слаѓана Јошевска – Јовановска

Д-р Слаѓана Јошевска – Јовановска

Спец. по анестезиологија и реаниматологија

slagjana.jovanovska@zmc.mk

Види го профилот
Сања Маринковиќ Бојаџиевска

Д-р Сања Маринковиќ Бојаџиевска

Спец. по анестезиологија со интензивно лекување

sanja.marinkovic@zmc.mk

Види го профилот
Јована Стојменовиќ

Д-р Јована Стојменовиќ

Специјализант по анестезиологија со интензивно лекување

jovana.stojmenovik@zmc.mk

Види го профилот