Зимските празници се најзабавниот период од годината исполнет со прослави и дружење со семејството и пријателите. Но, за дел од луѓето, тоа е време исполнето со тага, себе преиспитување, осаменост и вознемиреност.
Што ја предизвикува празничната тага?
Тагата е навистина лично чувство. Она што предизвикува тага кај една личност, можеби нема воопшто да влијае на друг. Типични извори на празнична тага може да бидат:
Стресот
Заморот
Нереалните очекувања
Финансиски проблеми
Неможноста да се биде со семејството и пријателите. Балансирањето на листите за купување, одењето или организирањето на забави, семејните обврски и домашните гости може да придонесе за чувство на преоптовареност и зголемена напнатост.
Луѓето кои не се сметаат себеси за депресивни може да развијат реакции на стрес, како што се:
Главоболки
Прекумерно пиење
Прејадување
Несоница
Други може да доживеат постпразнична тага, по Нова година. Ова може да биде резултат на зголемени очекувања и разочарувања од претходната година, заедно со стрес и замор.
Совети за справување со празничниот стрес и депресија:
Поставете си реални очекувања за празничнот период.
Поставете си реални цели за следната година.
Грижете се за себе и превземајте одговорности во склад со сопствените можности..
Направете листа и дадете приоритет на важните активности. Ова може да помогне во поорганизирано извршување на празничните обврски.
Бидете реални за тоа што можете, а што не можете да направите.
Распоредете ја својата енергија, ќе ви треба повеќе од само еден ден (Новогодишната ноќ). Празничните прослави може траат повеќе денови.
Живејте и уживајте во сегашноста.
Гледајте во иднината со оптимизам.
Не се разочарувајте и растажиувајте споредувајќи ја сегашноста со ,,старите добри времиња,, од минатото.
Ако сте осамени, обидете се да волонтирате или да се приклучите кон некоја група.
Најдете бесплатни активности за релаксација, како што е гледање празнични филмови, разгледување без купување и следење на времето, без разлика дали има или не снег.
Ограничете го пиењето, бидејќи прекумерното пиење само ќе ги зголеми вашите чувства на депресија.
Пробајте нешто ново. Прославете ги празниците на нов начин.
Поминете време со луѓе кои ве поддржуваат и се грижат за вас.
Потрудете се и стекнете нови пријатели.
Најдете време да контактирате со некој одамна изгубен пријател или роднина и раширете празнично расположение.
Најдете време за себе!
Оставете и другите да преземат дел од празничните обврските.
Ограничете ги празничните трошоци. Прекумерното трошење може да доведе до депресија кога сметките ќе пристигнат по завршувањето на празниците. Плаќањето непланирани сметки, колку и да биле мали, може да доведат до дополнителен стрес и депресија.
Поврзани Новости
12.09.2025
Дигестивна ендоскопија: клучна алатка за спречување на рак пред да предизвика симптоми
Дигестивната ендоскопија е еден од највредните тестови за рано откривање на болести на дигестивниот систем, особено рак. Во прилог ви…
Интервентна кардиологија – клучна алка во современата медицина за спасување на животи
Интервентната кардиологија претставува гранка од кардиологијата која се занимава со минимално инвазивни процедури за дијагностика и лекување на кардиоваскуларни заболувања,…
Отворена риносептопластика – ,,Златен стандард,, за решавање на функционални и естетски деформитети на носот
Ринопластиката претставува хируршка процедура од областа на Пластична, реконструктивна и естетската хирургија со која се извршува ремоделирање на коскените и…