00389 2 3091 484
октомври 29, 2025
По повод 29 октомври – Светскиот ден на мозочен удар, во фоајето на Клиника „Жан Митрев“ денеска се одржа едукативен настан под мотото „Секунда менува сè“. Настанот беше дел од глобалната иницијатива за подигање на свеста за превенција и рана интервенција при мозочен удар и предизвика голем интерес кај посетителите и пациентите.
👩⚕️ Нашите доктори вршеа мерење на крвен притисок, делеа совети за здравјето и одржаа едукативна презентација на тема „Како да го препознаете мозочниот удар – симптоми и први чекори за реакција“.
👉 Присутните имаа можност за бесплатна консултација со невролог и кардиолог, а атмосферата беше исполнета со интерес, прашања и желба за учење повеќе за сопственото здравје.
Со оваа активност, Клиника „Жан Митрев“ уште еднаш ја потврди својата посветеност на превенцијата, едукацијата и раната дијагностика на болестите кои можат да го загрозат здравјето на мозокот и срцето.
❤️ Грижата за мозокот почнува со контрола на срцето.











