00389 2 3091 484
август 15, 2025
Во клиниката Жан Митрев за прв пат е оперирана 29 годишна пациентка од странство, со тумор во спиналниот канал во предел на сакралната коска од страна на неврохируршкиот тим, предводен од проф. д-р Владимир Рендевски
Пациентката е на 29 години, со неколкумесечни континуирани болки во предел на крстот и по должината на десната нога, кои не рагираа на претходна терапија. По направените дијагностички процедури се детектираше туморска формација во ‘рбетниот канал во предел на сакралната коска, кој вршеше изразен притисок врз соодветните нервни корени.
Со помош на микроневрохируршка техника, нашиот тим предводен од проф. д-р Владимир Рендевски, изврши ефикасно и прецизно изолирање на туморскиот процес од соседните нервни структури во спиналниот канал, при што истиот беше одстранет во максимално можни граници, со што овозможи значајно подобрување на клиничката симптоматологија кај нашата пациентка.
Со оваа операција, а и со претходните операции на мозок и ‘рбетниот столб, Клиничката болница Жан Митрев, комплетно и во целост ги извршува сите неврохируршки процедури што се работаат во нашата земја, а од скоро започна и со целосна покриеност за сите итни неврохируршки состојби кои нашиот тим ги покрива 24 часа во сите денови од неделата.