00389 2 3091 484
декември 9, 2025
Оваа процедура всушност претставува примена на мапирање на коронарните артерии (coronary road mapping) со цел стентирање со употреба на минимално количество на контрастно средество.
Имено, најсовремениот ангиографски апарат PHILIPS AZURION 7 со кој е опремена нашата клиника, ја вклучува и оваа опција со што се овозможува стентирањето кај пациентите да биде извршено со минимално количество на контрастно средство и зрачење. Предноста на оваа метода е особено корисна за пациенти со хронична бубрежна инсуфициенција кај кои употребата на поголемо количество на контрасно средство може да доведе до акутно влошување на бубрежната инсуфициенција.
Со комбинација на прецизност, намалена употребa на контраст и зрачење, овие системи поставуваат нови стандарди за безбедност и ефикасност во катетеризационите лаборатории.





