00389 2 3091 484
април 6, 2015
Фрактура (скршеница) на вратот на бутната коска
Бутната коста (фемур) е најдолгата коска во човековото тело. Вратот на бутната коска претставува структура која ги поврзуваува телото и главата на фемурот. Кај помладата популација фрактурите најчесто настануваат при директно дејство на сила со голем интензитет, во пределот на колкот. Кај повозрасните луѓе причините се поврзани со постоење на придружни болести на коските како што е остеопорозата. Кај овие лица скршениците во најголемиот број се последица на паѓање или сопнување.
ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ: Пациентка со фрактура на врат на бутната коска како резултат на пад од вртоглавица предизвикана од двојно кникување (т.н кингкинг извиткување) на двете каротидни артерии
Пациентка на 75 годишна возраст е примена во нашата болница со силни болки во пределот на десниот колк. Пред приемот пациентката имала вртоглавица со губиток на свеста, при што паднала. Направен е ортопедски преглед, дијагностицирана е акутна фрактура на вратот на бутната коска. Индициран е оперативен третман. Предоперативно направен е ЕХО Доплер преглед на каротидните артерии, при што е верифицирано кинкинг (извиткување) на двете каротидни артерии. Дијагнозата е потврдена и со 64-МСКТ каротидографија. Кинкингот на каротидните артерии е можна причина за вртоглавицата и губитокот на свеста.
Пациентката е итно оперирана, при што и е вградена тотална биполарна ендопротеза (вештачки колк) на десниот колк. Постоперативните контролни рентген слики се со уредно поставена тотална ендопротеза. Започната е рана физикална терапија уште од првиот постоперативен ден вклучена е антиагрегатна терапија(лекови кои оневозможуваат создавање на тромби). Пациентката застана на нозе веќе во вториот постоперативен ден, отпуштена е од болница 7 дена по операција
Последицата од падот кај пациентката успешно се излекува . Остана оперативно да се лечи и причината т.е извткувањето на каротидните артерии, кое довело до губиток на свест и настанување на скршеницата. Редовните контроли на здравјето се најбитни за навремената дијагноза. Ненавременото откривање на кинкингот не само што доведува до вакви последици туку води и до губиоток на мозочната маса, функциите на свесност и на моториката кај пациентите.