00389 2 3091 484
април 8, 2015
Спасувачка операција на мозок
Пациент на 69 годишна возраст примен во “Филип Втори” за хируршка реваскуларизација на миокардот. Во склоп на предоперативната подготовка ехографски верифицирана е сигнификантна стеноза на претходно имплантираниот стент на левата внатрешна каротидна артерија и потполна непроодност на десната внатрешна каротидна артерија која претходно е оперирана во друга установа. Симптоми: зуење во ушите, изразени вртоглавици, потешкотии во говорот, левострана пареза, градна болка. Ризик фактори: поранешен пушач, артериска хипертензија и хиперлипидемија.
Напраен е 64МСКТ со наод: Десна внатрешна артерија комплетно непроодна, лева внатрешна каротидна артерија 90 % стеснета во поставениот стент.
МСКТ СЛИКА ПРЕДОПЕРАТИВНО
Индицирана е итна, спасувачка операција на крвни садови кои го снабдуваат мозокот со крв ( лева внатрешна каротидна артерија).
Операција: Ресекција на левата заедничка и внатрешна каротидна артерија со лигатура на надворешната и премостување со VSM. Т-Т анастомоза со ACC и ACI лево.
Постоперативно пациентот е со подобрување на невролошките симптоми
Направена е контролна постоперативна 64МСКТ каротидографија со уреден постоперативен наод.
МСКТ СЛИКА ПОСТОПЕРАТИВНО
Првиот постоперативен ден пациентот е самостојно мобилизиран, вториот постоперативен ден е пуштен дома и се создадоа услови за извршување на хируршката реваскуларизација на миокардот со значително намален ризик од мозочен удар.Поради терминален стадиум на атеросклеротската болест на крвните садови на срцето ( pRCA 99%, rPDA 90%, pCIRC 99%, LM 95%, mRCA 80%). Седмиот ден после операцијата на левата каротидна артерија се направија три бајпаси на срцето. Постоперативно пациентот е без никакви кардиални компликациии со уреден постоперативне тек и без никакви невролошки компликации.