00389 2 3091 484
август 23, 2017
Определени заболувања или состојби од невролошки или пост хируршки карактер најчесто ја ограничуваат мобилноста на пациентите при што се создаваат и услови за појава на различни видови на компликации во периодот на нивното лекување. Најчести компликации од нефизиолошко мирување се декубит, длабока венска тромбоза, намалување на мускулниот тонус и обем, контрактури, намален белодробен капацитет, бронхопневмонија, продолжена механичка вентилација и др. Знаејќи го тоа, во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКАТА посветуваме посебно внимание на овие пациенти. За успешен третман со поголем бенефит за пациентите, непходно е процесот на рехабилитација да се започне што е можно порано, и да се искористат новите технологии односно современа апаратура. Физиотерапевтски тим од нашата установа ги применува овие уреди и може да потврди за нивниот бенефит.
MOTOmed е моторизиран, софтверски контролиран систем за терапија со движење кај пациенти со мултипла склероза, мозочен удар, параплегија, квадриплегија, церебрална парализа, Паркинсонова болест, како и било кој облик на намален мотилитет (долготрајна неподвижност поради хируршки зафат, компликации од продолжена механичка вентилација, кома…) .
Тераписки цели
Намалување на напнатоста на мускулатура, подобрување на флексибилноста, ослободување на мускулите и кај општа вкочанетост
Прогаоѓање на резидуална мускулна сила која е незабележителна и е и недоволна за движење, а со користење на овој уред може да се пронајде и примени
Намалување на последиците од инактивитетот како што се проблемите со циркулацијата ( студени нозе), вкочанети зглобови, скратени мускули, проблеми со пробава и перисталтика, со мочниот меур, со остеопороза, едеми на зглобови и екстремитети. Дневната MOTOmed терапија со движење исклучува други непријатни и скапи третмани
Поттикнување на способноста за движење при што MOTOmed тренингот може да создаде и/или оддржува основна добра кондиција потребна за движење ( издржливост и сила на мускулите, намалување на лимитирачка вкочанетост на мускулите и подобрување на постура и сигурност при движење)
Подобрување на менталната состојба – со контрола над сопственото движење
Терапевтски опции
Пасивен тренинг се применува кај спастични плегии/парези, или како подготовка за физиотерапија, поради неговото релаксирачко дејство
Активен тренинг (ServoCycling) кој овозможува активно возење и кај пациенти со лимитирана мускулна сила. Пациентот користи своја резидуална мускулна сила и со помош на моторот и специјална програма и може да се движи. Оваа опција се користи во најраниот стадиум на рехабилитација за јакнење на мускулите
Активен тренинг се изведува со сопствена мускулна сила против отпор. Оптоварување се подесува во 16 -20 прецизно градуирани брзини. Пасивниот тренинг е многу ефикасен за загревање и опуштање на мускулите пред, за време и по активното возење.
Контраиндикации :
Тешки форми на контрактури
Тежок стадиум на остеопороза
Тромбоза на долни екстремитети
Вродени деформации на рбетот – сколиози од (III IV степени)
Неконсолидирани фрактури
Остри хронични инфекции
Метастази
Когнитивни нарушувања/психијтриски нарушувања
Епилепсија
Уред за континуирана пасивна мобилизација -Артромот
Уредите за континуирана пасивна мобилизација се користат во првата фаза на рехабилитација по хируршка интервенција или кај траума на мускулно-скелетниот систем. Главни цели во прва фаза на рехабилитација се: контрола на пост-оперативна болка, намалување на воспаление, заштита на оперираната региа за стекнување на услови за соодветно зараснување и спроведување на пасивните движења во контролиран обем и специфична рамнина. Артромот е уред со кој зглобот континуирано, пасивно се движи со контролиран обем на движења и кој постапно се зголемува.
Што се континуирани пасивни движења? Тоа се прецизно повторувани движења во точно зададени рамки, симултано во сите правци (агол и тип на движења во третираниот зглоб) во траење од најмалку половина час на ден, при што се следи принципот на современата терапија “ што подолго тоа подобро” и е можно да се примени само со помош на компјутерски контролираните движења на Артромот.
Уредот за континуирана пасивна мобилизација – Артромот се применува постоперативно по различни видови на ортопедски операции. Движењето на синовијалната течност во рана фаза на рехабилитација овозможува подобра дифузија на хранливите материи во сите зглобни структури по оперативниот зафат. Континуираните пасивни движења превенираат формирање на фиброзно ткиво и овозможуваат подобра подвижност.
Кога се користат уредите за континуирана пасивна мобилизација- Артромот?
Веднаш по:
Спортска повреда на коленото
Артроскопија на коленото
Менисектомија
Реконструкции на лигаментите (LCA; PCL; MPFL)
Конзервативно третирани повреди на колено
Стабилна остеосинтеза
Остеотомија на колено
Трансплантација на рскавица на коленото
Вградување на тотална ендопротеза на коленото
Кои се придобивките од континуираните, пасивни движења во раната фаза на рехабилитација?
Намалување на болка, едем и хематом
Намалување на ризикот за појава на тромбоза
Регенерација на рскавица и синовијална течност
Спречување на формирање на прираслици
Спречување на формирање на контрактури
Враќање на нормалната функција на зглобот
Намалување на престојот во болница