00389 2 3091 484
октомври 30, 2020
Пациентката во нашата клиника пристигна во Ургентниот центар со јаки болки во десната рака па се до рамото. Таа имаше толку силни болки од кои буквално не ја движеше не само десната рака туку и на целата десна половина на телото.
Со вакви болки веднаш ќе си помислите дека пациентот има проблеми со зглобовите или коските. Но, при кардиолошкиот преглед што веднаш и го направивме утврдивме дека левата вертебрална артерија има сигнификантен “kinking”. За да потврдиме дека тоа е така веднаш направивме компјутерско иследување на 256 – слојниот компјутер по што се установи еден изразен “kinking” на излезот на левата вертебрална артерија. Овој проблем во телото предизвикува неадекватно снабдување на мозокот со крв поради што се јавуваат голем дел од невролошките симптоми кои ги чувствуваше пациентката – објаснува доктор Енвер Идоски, кардиолог во Клиничка болница Жан Митрев.
Операцијата којашто ја направи доктор Жан Митрев е перфектно направена и нема никакви несакани појави, циркулацијата е исто така перфектна, а болките ги нема за што сведочи и самата пациентка.
Да напоменеме дека оваа операција беше финансиски покриена од Фондот за здравствено осигурување. Исто така, Фондот ги покрива и сите други кардиоваскуларни операции кои се извршуваат во нашата клиника, т.е. операциите на срце и операциите на крвните садови.
Целото сведоштво погледнете го на следниот линк: