Мозочниот удар може да се спречи

Дневна доза здравје

август 10, 2021

Годишно над 15 милиони луѓе ширум светот доживуваат мозочен удар, од кои 5 милиони умираат, а половина од преживеаните остануваат со траен инвалидитет. Во Македонија мозочниот удар е меѓу топ 3 причини за смртност, веднаш по ракот и кардиоваскуларните болести. Затоа, да станеме свесни како да го препознаеме, превенираме и кои се можните начини на решавање.

Што можете самите да направите во насока на спречување на мозочен удар?

Едноставно е. Се што треба на направите е да одберете здрав начин на живот, но и да ги контролирате здравствените состојби кои ги имате.

Спречување мозочен удар со водење здрав живот

Согласно светските статистики дури 80% од мозочните удари би можеле да се спречат преку промени на животниот стил кон здрав начин на живот и совети од докторите во насока на контролирање на здравствените состојби што го зголемуваат ризикот од мозочен удар. Може да превенирате мозочен удар со тоа што ќе водите здрав живот. Тоа вклучува поголемо внимание во неколку сегменти: здрава исхрана, одржување на нормална телесна тежина и практикување на редовна физичка активност

Здрава исхрана

Изборот на опции за здрав оброк и ужинка може да ви помогне да спречите мозочен удар. Погрижете се да внесуватее многу свежо овошје и зеленчук.Јадењето храна со минимална количина на заситени масти, транс масти и холестерол, а богата со растителни влакна, може да помогне да се спречи високиот холестерол.

Ограничувањето на сол (натриум) во вашата исхрана, исто така, може да го намали крвниот притисок. Високиот холестерол и високиот крвен притисок ги зголемуваат шансите за мозочен удар.

Здрава тежина

Прекумерната тежина или дебелината го зголемува ризикот од мозочен удар. За да одредат дали вашата тежина е во здрави граници, лекарите често го пресметуваат вашиот индекс на телесна маса (БМИ). Ако ја знаете вашата тежина и висина, можете лесно да го пресметате вашиот БМИ. Лекарите понекогаш прават и мерења на половината и колковите за да го измерат вишокот маснотии во телото.

Физичка активност

Физичката активност може да ви помогне да одржите здрава/нормална телесна тежина и да го намалите нивото на холестерол и крвен притисок. За возрасни, се препорачува најмалку 2 часа и 30 минути аеробна физичка активност со умерен интензитет, како што е брза прошетка, неделно.

Децата и тинејџерите треба да практикуваат минимум 1 час физичка активност секој ден.

Забрана за пушење

Пушењето цигари во голема мера ги зголемува шансите за мозочен удар. Ако не пушите, не започнувајте. Ако пушите, откажувањето ќе го намали ризикот од мозочен удар. Вашиот лекар може да предложи начини да ви помогне да се откажете.

Ограничен внес на алкохол

Избегнувајте да пиете премногу алкохол, бидејќи тој може да го зголеми крвниот притисок. Мажите не треба да пијат повеќе од два пијалаци дневно, а жените само еден. Спречување на мозочен удар преку контролирање на медицинските состојбиАко имате срцеви заболувања, висок холестерол, висок крвен притисок или дијабетес, морате да преземете чекори за да го намалите ризикот од мозочен удар. Разговарајте со вашиот лекар за совети како да постапувате.

Проверувајте го редовно холестеролот

Вашиот лекар треба да го тестира нивото на холестерол најмалку еднаш на 5 години. Разговарајте со вашиот лекар за овој едноставен тест на крвта.

Ако имате висок холестерол, медикаментите и промените на животниот стил можат да помогнат во намалувањето на ризикот од мозочен удар.Контролирајте го крвниот притисокВисокиот крвен притисок обично нема симптоми, затоа внимавајте да го проверувате редовно.

Разговарајте со вашиот кардиолог за тоа колку често треба да го проверувате. Можете да го измерите крвниот притисок дома, на лекар или во аптека.Ако имате висок крвен притисок, вашиот лекар може да ви препише лек, да предложи некои промени во вашиот животен стил или да ви препорача да изберете храна со помал внес на натриум (сол).

Контролирајте го дијабетесот

Ако вашиот лекар мисли дека имате симптоми на дијабетес, тој/ таа може да препорача да се тестирате. Ако имате дијабетес, редовно проверувајте го нивото на шеќер во крвта.

Разговарајте со вашиот лекар за опциите за лекување. Можеби ќе биде препорачано да се спроведат одредени промени на животните навики, како што е зголермување на физичка активност или весување поздрава храна. Овие активности ќе ви помогнат да го одржите шеќерот во крвта под контрола и ќе го намалите ризикот од мозочен удар.

Третирајте ги срцевите заболувања

Ако имате одредени срцеви заболувања, како што е атријална фибрилација, коронарна артериска болест (неправилно чукање на срцето), кардиологот може да препорача медицински третман или операција. Решавањето на проблемите поврзани со срцето може да помогне во спречување на мозочен удар.

Земајте ги вашите лекови

Ако земате лекови за лекување на срцеви заболувања, висок холестерол, висок крвен притисок или дијабетес, внимателно следете ги упатствата на вашиот лекар.

Секогаш поставувајте прашања ако нешто не разбирате. Никогаш не го прекинувајте лекот без претходно да разговарате со вашиот лекар или фармацевт.

Информирајте се

Вие и вашите лекари може да работите заедно за да ги спречите или да ги лекувате медицинските состојби што доведуваат до мозочен удар. Редовно разговарајте и информирајте се, составете си листа на прашања кога одите на лекар. Ако веќе сте имале мозочен удар или ТИА, лекарите ќе работат со вас за да спречат понатамошни мозочни удари. Вашиот план за лекување ќе вклучува лекови или операција и промени во животниот стил за да го намалите ризикот од следен мозочен удар. Бидете сигурни да го земате лекот според упатствата и следете ги советите на вашиот лекар.