00389 2 3091 484
октомври 10,2021
Анемијата е болест при која црвените крвни зрнца во крвта паѓаат под нормалното ниво. Анемија во суштина означува недостаток на доволно црвени крвни клетки во телото. Црвените крвни клетки содржат хемоглобин, специјален пигментен протеин кој го овозможува транспортот и достава на кислород до другите клетки во телото.
Ова е од клучно значење бидејки на клетките во мускулите и органите во телото на децата им треба кислород за да преживеат, да се развијат и да пораснат, а намалувањето на бројот на црвените крвни зрнца може да предизвика стрес врз телото.
Најчесто брзиот раст е можната причина за појава на болеста, затоа децата во првата година од животот и адолесцентите се двете возрасни групи кои се најмногу склони кон анемија.
Анемијата може да се манифестира со бледило, раздразливост, умор и слабост. Иако овие симптоми може да ве загрижат, анемијата е генерално лесна за лекување, особено ако се открие во почетна фаза.
Исто така неопходно е родителите да бидат свесни за мерките кои можат да ги преземат за да ја спречат појавата на оваа болест.
Анемијата се дијагностицира преку анализа на крвта т.е со крвна слика која вообичаено се прави кога ќе се појават првите знаци.
Децата кои имаат пад на црвени крвни клетки може да развијат жолтица (пожолтување на кожата или очите) и да имаат урина со боја на чај.
Децата со тешка анемија може да страдаат од дополнителни симптоми и знаци:
Децата на кои им недостасува железо во исхраната може да јадат невообичаени работи, како што се: мраз, земја, глина и пченкарен скроб (нишесте). Ова однесување е познато како „пика“ (нарушување). Тоа не е опасно, освен доколку вашето дете не конзумира нешто токсично. Обично “пика” завршува со третман на анемијата и растот на детето.
Анемијата со недостаток на железо и нутритивната анемија може да се спречат со тоа што ќе му овозможите на вашето дете да јаде добро балансирана исхрана. Разговарајте со вашиот лекар каква исхрана да внесувате во секој оброк на вашето дете за да спречи анемијата.
Начини за спречување на нутритивна анемија:Не давајте му на вашето бебе кравјо млеко додека не наполни една година. Давањето кравјо млеко пред вашето дете да биде подготвено може да предизвика загуба на крв во движењата на дебелото црево и исто така може да ја намали количината на железо што се апсорбира од цревата.
Ако доите: Вашето бебе ќе има соодветно снабдување со железо до возраст од најмалку 4 месеци. На возраст од 4 месеци, бебето освен доењето треба да зема додатоци на железо се додека не почне да јаде дополнителна храна богата со железо (на пример, црвено месо или житарки збогатени со железо). Разговарајте со вашиот педијатар за најдобрата храна за оваа намена и колку дополнително железо е потребно.
Ако се храни со адаптирано млеко: Давајте формула збогатена со железо. Адаптираното млеко со ниска концентрација на железо може да предизвика анемија со недостаток на железо.
Избегнувајте да давате повеќе од две чаши кравјо млеко дневно на деца постари од 12 месеци. Млекото има малку железо и може да ги направи децата да се чувствуваат сити, намалувајќи ја потребата на друга храна богата со железо што би требало да ја внесат.
Хранете ги постарите деца со балансирана исхрана со продукти кои што содржат железо. Зрнестата храна и житарици се огати со железо (прочитајте ја етикетата за да бидете сигурни). Други намирници кои се добри извори на железо се: црвеното месо, жолчка од јајце, компири, домати, грав или мешунки и суво грозје.
Охрабрете го целото семејство да пие цитрусни свежо цедени сокови или да консумира храна богата со витамин Ц за зголемување на апсорпцијата на железо во телото. Иако некои зеленчуци содржат многу железо, кај многу од нив железото доаѓа во форма што е тешко за телото да ја апсорбира, но затоа витаминот Ц може да помогне.