Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Од играчка – плачка

Назад до Блог

16.05.2019

Од играчка – плачка

Детската игра често пати знае да заврши лошо т.е. со несакани последици, проблеми па и повреди. Малку невнимание може да донесе многу проблеми кои често завршуваат и во болница. Токму една таква детска игра предизвика тешки повреди на едно десетгодишно детенце кое со своите родители дојде во нашата клиника барајќи помош. Може да звучи нестварно но на ова детенце при детска игра му бил поставен шилест молив на столот по што тој го наседнал и моливот ја пробил облеката и се зарил во задниот дел на бутот.

Родителите барале помош во неколку болници но никој не им го решил проблемот. По два месеца талкање низ здравствениот систем се обратија во нашата клиника.

Можноста од инфекција, страшната болка ги алармираше нашите доктори предводени од доктор Владимир Чадиковски веднаш по прегледот да пристапат кон вадење на страното тело.

За среќа без посериозни компликации моливот беше изваден а раната соодветно истретирана. Повредите можеле да бидат големи и со трајни последици доколку моливот го повредел ректумот на детето по што компликациите би биле далекусежни.

Едноставно, внимавајте, детска игра често може да заврши и во болница па онаа народната „Од играчка – плачка“ да биде реален опис на состојбата.