Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

06.11.2015

Абдула Љатифи првиот пациент со торакална ендоваскуларна аортна замена- ТЕВАР процедура

Абдула Љатифи првиот пациент со торакална ендоваскуларна аортна замена- ТЕВАР процедура

19 јули 2015 е датумот кој професорот по географија Абдула Љатифи ќе го помни до крајот на животот . И не само тој, туку и неговото семејство. И ако некој некогаш во аналите на медицината во Македонија го пронајде неговото име ќе прочита дека Љатифи е првиот пациент врз кого е извршена Торакална ендоваскуларна аортна замена така наречена ТЕВАР процедура . Безмалку 4 месеци после првата интервенцијата имавме средба со нашиот пациент и со неговата ќерка Њомза во нивното родно Куманово.

Разговорот го започнавме со Њомза која е медицинска сестра во кумановската болница, голем борец за животот на сопствениот татко кој пред оваа интервенција, во 2011 година во „Филип Втори“ беше опериран при што му беа направени 4 бајаси. „Прво да се заблагодарам на целиот тим на „Филип Втори“ најголема благодарност до д-р Митрев. Јас како медицинско лице прв пат преку случајот на татко ми слушнав и научив што значи ТЕВАР . Татко ми 2 дена беше со големи болки , на 31 мај на денот кога јас сум родена, на клиника му беше напрвена и првата компјутерска снимка. Тоа беше мојот најтежок роденден , го земав татко го однесов таму за да се консултирам со докторите. Ситуацијата беше страшна , на клиника ми кажаа дека шансите за операција на татко ми се многу мали , невозможно е да се оперира . Потоа , јас лично барав да се сретнам со д-р Митрев, тој рече дека во Македонија до сега не е направена таква интервенција и дека максимално ќе даде се од себе за да помогне на татко ми, да му се постави стент. Се обратив до Фондот од таму беше испратено официјално барање до кардиологија и во рок од 4-5 дена фала на Господа добив одговор дека Фондот ќе го покрие трошоците за интервенцијата , ТЕВАРОТ на татко ми.

Морам да Ви кажам дека ова е прва интервенција во Македонија која во светот е позната како ТЕВАР. Истата беше со голем ризик по здравјето на татко ми. За тоа бев уредно информирана од тимот на „Филип Втори“ , бидејќи морав да потпишам документ за согласност , но и за сознание за можните последици. Благодарност на екипата на д-р Митрев , на д-р Анѓушева, на д-р Милев, тие луѓе цело време беа моја поддршка , како мојот татко да е и нивни. Интервенцијата беше на 19 јули , ЦД-то од интервенцијата на татко ми беше испратено во Виена и во Минхен, да побарам мислење и од таму. Првата интервенција во Македонија е направена кај татко ми. Кога видовме слика од компјутерот ден после интервенцијата се гледаа 2 стента направени на перфектен начин . Втората компјутерска снимка беше направена 2 месеци подоцна,резултатите беа одлични. На татко ми и со авион му дозволија да патува, тој се чувствува феноменално, јас немам други зборови, можам да ви кажам дека сум премногу среќна што д-р Мтрев прв во Македонија ја направи оваа интервенција. Благодарана сум што ФЗОМ дозволи сретствата за истата, не само заради татко ми, среќна сум што со ова и другите ќе имаат можност да ја имаат интервенцијата.

Кога ја информирав докторката Анѓушева дека Фондот позитивно одговорил на моето барање, таа ми напиша вака: „ БЛАГОДАРАМ ЊОМИ, ТОЛКУ КОЛКУ ШТО СУМ СРЕЌНА ДЕКА ТАТКО ТИ ЌЕ СЕ СПАСИ, СРЕЌНА СУМ И ЗАРАДИ 36 ГОДИШЕНИОТ ПАЦИЕНТ КОЈ ОД СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА ИМА ПОВРЕДА НА АОРТАТА , СЕГА КЕ МОЖЕ И НЕГО ДА ГО СПАСИМЕ“. Сретнав толку добри, толку хумани луѓе кои ми помогнаа и имам најдобро мислење за клиниката на д-р Митрев. Хуманоста и човечноста на д-р Митрев ќе ја потврдам со уште едне факт. Димензиите за стентот кој требаше да се направи по мерка се испратија во странство. Од нивното испраќање до готовиот стент најверојатно требаше да поминат неколку денови.И не се знаеше уште колку време татко ми треба да остане во „Филип Втори “. Разговарав со д-р Митрев и му кажав дека морам да си го земам татко дома додека да дојде стентот бидејќи престојот во болницата како приватна установа не е бесплатен . Во тој момент д- р Жан Митрев ја викна неговата организаторка и тие негови зборови ме оставија без коментар , вака и кажа : „ Пациентот од утре нема ништо да плаќа, ќе биде мој гостин додека да стигне стентот и додека да се направи интервенцијата. “ Така и се случи . Дасакалот по географија среќен заради неговото добро здравје при оваа една наша средба ни изјави:„ Мене ми е драго што пак Ве гледам, се чувствувам феноменално, интервенцијата траеше околу час и 40 минути. Следниот ден се чувствував толку добро , што мислев дека можам до Куманово да тргнам пеш. И денеска после неколку месеци моето здравје е одлично , од првиот ден почнав со работа, многу сум му благодарен на д-р Жан Митрев“Во специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори “ од 19 јули кога е направен првиот стент на торакална аорта (т.н ТЕВАР процедура) до денеска уште кај петмина наши пациенти на различна возраст им беше извршена оваа интервенција..

Get the Flash Player to see this player.