Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

10.06.2022

Алергии – предизвикувачи, симптоми, дијагноза и третман

Алергиите се имунолошкa реакција-oдговор на одредени супстанции внесени во организмот. Кога имунолошкиот систем препознава алерген, тој предизвикува хиперсензитивен одговор, при што се излачуват хемикалии како што е хистаминот, предизвикувајќи симптоми на алергија.

Доколку сте алергични, вашиот имунолошки систем неточно препознава безопасна супстанција сметајкија за штетен напаѓач и произведува антитела. Тие потоа предизвикуваат реакција која може да се манифестира на кожата, во синусите, респираторниот тракт или дигестивниот систем.
Сериозноста на алергиите може многу да варира во зависност од личноста и самиот алерген. Понекогаш реакцијата е блага иритација, но може да доведе и до сериозна состојба, како што е анафилакса.

Кои се причините?

Меѓу најчестите причини за алергии идентификувани се следниве:

  • Алергени во воздухот: полен, првут од домашни миленици, грини од прашина и мувла.
  • Храна: јаткасти плодови, пченица, соја, риба, школки, јајца и млеко. LTP (протеин за транспорт на липиди), протеин присутен во зеленчукот.
  • Убод од хименоптера: пчели и оси.
  • Лекови: антибиотици како што се пеницилин, антиинфламаторни лекови и сл.

Кои се симптомите?

Постојат неколку видови на симптоми на алергија кои можеме да ги поделиме според делот од телото на кој влијаат:

  • Кожа: чешање, уртикарија и црвенило.
  • Очи: конјунктивитис (чешање, солзење и фотосензитивност).
  • Нос: ринитис, синузитис и крварење од носот.
  • Респираторен систем: астма.
  • Дигестивен систем: гадење, повраќање, дијареа и болки во стомакот.
  • Хематолошки систем: анемија, леукопенија и тромбоцитопенија.

Бидејќи секој алерген обично предизвикува слични симптоми, може да се класифицираат и според типот на алергија:

  • Поленска треска или алергиски ринитис: кивање, чешање на носот и очите, конјунктивитис, иритација и течење на носот.
  • Алергии на храна: утикарија, пецкање во устата и отекување на усните, јазикот, лицето или грлото.
  • Убод од хименоптеран: Едем (оток) на местото на убодот, чешање на целото тело, стегање во градите, кашлица, отежнато дишење.
  • Алергии на лекови: утикарија, чешање на кожата, осип, оток на лицето и отежнато дишење.
  • Атопичен дерматитис или егзема: чешање, црвенило и лупење на кожата.

Компликации

Кога алергиите се тешки, ризикот од здравствени проблеми се зголемува, па затоа е корисно да се знаат најчестите компликации кои би можеле да настанат:

  • Анафилакса: Ова е тешка реакција предизвикана од алергија која може да биде опасна по живот. Најчести симптоми се губење на свеста, тешко отежнато дишење и пад на крвниот притисок. Главните предизвикувачи на алергени се храна, лекови и убоди од пчели, оси и други инсекти од групата химноптера.
  • Астма: оваа реакција на имунолошкиот систем често се активира со изложување на алерген присутен во надворешната околина.
  • Синузитис и инфекции на увото или белите дробови: астмата или поленската треска го зголемуваат ризикот од нивна појава.

Дијагноза и третман

Зголемената распространетост на проблемите од алергиско потекло кај голем процент на населението, има овозможено многу повеќе знаење за оваа област која брзо напредува во последните децении, а со тоа и ефикасноста на третманите.

Во нашата клиника, стручните лекари пулмоалерголози и дерматолози можат да дијагностицираат хиперсензитивност на која било храна или лек преку широк панел на кожни и лабораториски тестови. Така врз основа на овие резултати, пациентите ќе добиjат соодветен медикаментозен третман и стручни совети за превенција и намалување на алергиските проблеми.

Закажете го Вашиот преглед на 02 3091 484