Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

23.08.2021

Дали знаете што е Мениерова болест?

Дали знаете што е Мениерова болест?

Мениерова болест претставува нарушување на внатрешното уво што предизвикува епизоди на вртоглавица и губење на слухот. За прв пат е откриена и опишана од страна на Проспер Мениер уште во далечната 1861 година. Во повеќето случаи, болеста на Мениер влијае само на едното уво. Иако сериозно го нарушува животот на оние кои се болни од оваа болест, сепак таа не е животозагрозувачка.

Оваа болест може да се појави на која било возраст, но обично се појавува по 50 година. Се смета за хронична болест, но постојат неколку третмани кои помагаат во ублажување на симптомите и го намалуваат нивното долгорочно влијание врз вашиот живот.

За Мениеровата болест се карактеристични четири главни симптоми, кои се појавуваат со различен степен на интензитет:

  • Вертиго (вртоглавица)
  • Губење на слухот
  • Тинитус (зуење или шум во ушите)
  • Чувство на блокирани уши.

Причини за појава на Мениерова болест

За жал тие се сеуште непознати, но потврдено е дека симптомите се причинети од абнормалната количина на течност (ендолимфа) во внатрешното уво, иако не е разјаснето што го предизвикува тоа.

Факторите кои влијаат на течноста, која може да придонесе за појава на Мениерова болест, вклучуваат:

• Несоодветна дренажа на течноста, можеби поради опструкција или анатомска абнормалност.
• Абнормален имунолошки одговор
• Вирусна инфекција
• Генетска предиспозиција

Бидејќи не е идентификувана поединечна причина, веројатно е дека Мениеровата болест е последица на комбинација на повеќе непознати фактори.

Кои се можните компликаци?

Непредвидливите епизоди на вртоглавица и можноста за трајно губење на слухот може да бидат најкомпликуваните проблеми кај Мениеровата болест. Болеста може да го наруши негативно вашиот живот, предизвикувајќи замор и стрес.

Вртоглавицата (Вертиго) може да предизвика губење на рамнотежата, што го зголемува ризикот од падови и несреќи.

Манифестации на Мениеровата болест

Повторливи епизоди на вртоглавица – Епизодите на вртоглавица се јавуваат без предупредување и обично траат од 20 минути до неколку часа, но не подолго од 24 часа. Тешка вртоглавица може да предизвика гадење и повраќање.

Губење на слух – Фазите во развојот на Мениеровата болест се движат од лесни почетни знаци и симптоми, преку тешки напади на вртоглавици до потполно губење на слухот, ако болеста не се лекува.

Ѕвонење во ушите (тинитус) – Тинитус е перцепција на ѕвонење, зуење, или свирење во увото.
Чувство на затно уво. Луѓето со Мениерова болест често чувствуваат притисок во заболеното уво (аудитивна конгестија).

Кога е време да одите на лекар?

Посетете го вашиот лекар ако ги имате погоре опишаните симптоми. Овие проблеми можат да бидат предизвикани од други болести и важно е што побрзо да се добие точната дијагноза.