Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

07.09.2023

Дислексија кај деца – како да им се помогне?

Дислексијата претставува попреченост во учењето и во читањето. Постојат неколку видови на потешкотии во учењето, а дислексијата е една од нив, при што, како термин означува дека личноста има тешкотии со читањето, иако е доволно интелигентна и мотивирана да учи. Луѓето со дислексија имаат потешкотии да читаат течно и без грешки. Тие исто така може да имаат потешкотии во разбирање и правилно пишување. Овие тешкотии не се поврзани со интелигенцијата на поединецот.

Дислексијата е нарушување на учењето кое вклучува тешкотии при читањето поради проблеми со идентификување на говорните звуци и разбирање како тие се поврзани со буквите и зборовите (односно нивно декодирање). Дислексијата, исто така наречена „тешкотии во читањето“, влијае на областите од мозокот кои го обработуваат јазикот. Луѓето со дислексија вообичаено се со нормална интелигенција и нормален вид исто така.
Дислексијата се утврдува уште во детска возраст, кога се учи читање и пишување.
Повеќето деца со дислексија можат да бидат успешни на училиште со помош на учителите или специјализирана програма за настава. Важна улога игра и емоционалната поддршка.
Иако не постои лек за дислексијата, раната проценка и соодветниот пристап даваат најдобри резултати. Дислексијата понекогаш останува недијагностицирана со години и како таква е непризнаена дури и во зрелоста. Но никогаш не е доцна да се побара помош.

Децата со дислексија

Детето прави визуелно читање и заклучува наместо да чита. На пример, можете да прочита „вол“ наместо „волк“ или „долго“ наместо „долно“. Децата со овој тип на дислексија можат да читаат познати зборови, но им е тешко да читаат непознати, долги зборови или кованици. Децата и возрасните со дислексија може да покажат тешкотии при читање цели реченици, но и поединечни зборови.
Често се јавуваат проблеми и со кратките зборови. Погрешно ги копираат зборовите иако гледаат како се напишани.

Помош за децата со дислексија

Како родители, можеме да помогнеме во лекувањето на дислексијата следејќи ги овие совети:

  • Откријте која е специфичната тешкотија на детето.
  • Работете со него на конкретни активности за надминување на неговата тешкотија.
  • Користете ја играта како работна алатка.
  • Не правете прекумерен притисок врз детето.
  • Одржувајте го детето мотивирано.

Знаци за можна дислексија

Предучилишна возраст

Знаците дека малото дете можеби е изложено на ризик од дислексија вклучуваат:

  • Доцнење во почетокот на зборувањето.
  • Бавно учење на нови зборови.
  • Проблеми со правилното формирање зборовите, како што се менување на звуците на зборовите или збунувачки зборови што звучат слично.
  • Проблем со запомнување или изговарање на имињата, буквите, бројките и боите
  • Тешкотии во учењето детски песни или играње игри со римување.

Училишна возраст

Кога детето ќе почне да оди на училиште, знаците и симптомите на дислексија може да станат повидливи, вклучувајќи:

  • Ниво на читање многу под очекуваното за возраста.
  • Проблеми со обработката и разбирањето на она што го слуша.
  • Тешкотии да го најдат точниот збор или да формулираат одговори на прашања.
  • Проблем со запомнување на веќе учени работи.
  • Тешкотии со гледање (и повремено слушање) сличности и разлики помеѓу буквите и зборовите.
  • Неможност да се изговори непознат збор.
  • Тешкотии во правописот.
  • Потребно е подолго од вообичаеното за да се завршат задачите кои вклучуваат читање или пишување.
  • Избегнување активности кои вклучуваат читање