Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Едно големо, едноставно и искрено Благодарам!

Назад до Дневна доза здравје

20.05.2019

Едно големо, едноставно и искрено Благодарам!

Писмо од наши пациенти до доктор Жан Митрев:

Д-р Жан,

Сакам само од срце да Ви кажам едно едноставно БЛАГОДАРАМ.

Денес е новиот роденден на татко ми. Точно пред една година Вие голем човеку успеавте да спасите едно семејство, спасувајќи го мојот татко кој буквално го вративте од крајот. Татко ми бескрајно Ви веруваше и иако бевме преплашени и премногу збунети, спасот во Вас го гледавме. Тешка операција која траеше околу 6 часа, оперирани 3 валвули, 4 бај-паса… Но, победивте Вие и заедно со вас сите ние. Тешко одеше по операцијата, но знаевме дека семејството полека се рехабилитира.

Една година подоцна, татко ми е со стабилно здравје, и полека се враќаме во секојдневната рутина.

Сакам да Ви се заблагодарам што успеавте да оперирате и спасите едно ГОЛЕМО СРЦЕ, срцето на човекот кој заедно со мајка ми, цел живот се грижи и бие секојдневни битки за животот и здравјето на своите болни родители и својата болна ќерка. Битките се биеја со радост, упорност, не дозволувајќи ништо да ни го поремети мирниот семеен живот. Тоа срце д-р Жан постојано беше оптеретено со битките меѓу животот и смртта на неговите најмили. И успеа сите да ги заштити и да им даде максимум од себе. Вие го спасивте тоа срце. Татко ми со гордост, околу вратот ја носи врвката на која стои името на Вашата клиника, а која кога излезе од болницата ја побара од една ваша вработена на рецепција, за да го закачи мобилниот телефон на неа.

Вечно ќе му бидеме благодарни и на д-р Никола Ѓоргов кој ни го покажа правиот пат. Реткост е да се види човек со таква голема човештина и бескрајно добра душа како д-р Ѓоргов. Во тие мои моменти на очајност и изгубеност, Д-р Ѓоргов ми беше единствената светлина бидејќи беше тука за секаков совет и помош. Во тие тешки моменти тој ја спаси прво сестра ми, а потоа и татко ми со тоа што го упати кај вас.

Поздрав од целиот тим, а вие докторе останете со добро здравје, успешна кариера, најубави моменти со семејството и се најдобро.

Ви се поклонувам со голема благодарност.

В.Б.Г.