Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

02.01.2019

Елеонора и Теодора до полнолетството штитенички на нашата клиника

Zan Mitrev Clinic донесе одлука, на девојчињата Елеонора и Теодора Стојановски од Штип да им обезбеди бесплатна медициска помош и лекување до наполнување на полнолетство.
– Тоа значи, дека во нашата клиника малите две сестрички ќе можат да бидат бесплатно прегледувани, медициски згрижени од педијатрискиот тим секогаш кога за тоа ќе се укаже потреба, изјави д-р Наташа Чучкова Нокчевска, педијатар во нашата клиника.
Бројни пакети со храна, облека и новогодишни пакетчиња пристигнуваа буквално од сите страни на земјата. Објавениот прилог на социјалните мрежи и Тв Стар иницира решавање на дел од проблемите со кои се соочува семејството Стојановски, меѓу кои и здравствените со кој се соочуваат девојчињата.

– Што и да посакаат или јас посакам да им купам, немам можност да им овозможам, бидејќи пари немам. Еве за Нова Година, моите мали ќерки сакаат елка, пакетчиња, да се сликаат со Дедо Мраз, но нема. Немам пари да им ги исполнам желбите и тоа многу ме боли, претходно изјави Влатко Стојановски, кој е самохран родител.
Со социјална помош од 5.000 денари, тешко се поминува месецот, вели Влатко. Голем проблем е редовната набавка на лекови за помалата Теодора. На нејзе како бебе, веднаш по раѓањето извршен и е оперативен зафат на срцето.

– Неполни четири години, откако е родена помалата ќерка Теодора, само по болници трчаме. Сега е малку подобра. Ќерките не ми ги примаат во градинка, бидејќи немам пари да ја платам градинката. Со социјална помош од 5.000 денари што попрво да скрпам во месецот. Да ги платам сметките за вода, струја, најважното лекови за малата, за храна. Не стигаат пари, објасни Стојановски.
Елеонора и Тодора се израдуваа и на дедо Мраз. Тој пристигна во нивниот дом со преставниците на штипскиот Црвен Крст носејќи им грст новогодишни подароци, храна, играчки и неодминливите новогодишни пакетчиња…
Јавувањата за понуда на своја помош од страна на хуманите луѓе не стивнуваа со денови. Сите се со заедничка мисла. Елеонора и Теодора имаат право да ја почувствуваат магијата што ја носи новогодишната атмосфера…
Тука сме и ние секогаш да помогнеме на оние на кои неопходна им е итна помош …