Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

30.04.2015

Евоцирани потенцијали во клиничката пракса

Евоцирани потенцијали во дијагностицрањето на невролошките состојби

Развојот на софистицирана техника во неврологијата ни овозможува добивање на евоцирани потенцијали за тестирање на функцијата на сензорните системи во невролошката пракса. Евоцирани потенцијали, се предизвикани потенцијали, со чија помош се перципира надворешната дразба и одговорот на мозочните центри на тие дразби.

Во зависност од дразбата со која тие се предизвикани разликуваме неколку видови на евоцирани потенцијали, а најчесто користени во нашата пракса се:

Видни евоцирани потенцијали – ВЕПСлушни евоцирани потенцијали и потенцијали на мозочното стебло – БАЕП Соматосензорни евоцирани потенцијали-СЕП Евоцираните потенцијали се детектираат со помош на површински електроди поставени вдолж проекцијата на сензорниот пат од рецепторот до кората на мозокот

Видните евоцирани потенцијали – ВЕП во клиничката пракса се применуваат кај : Мултипла склероза, при што во 90% се откриваат дури и субклиничките демиелинизациони лезии и служат како важно дијагностичко средство во критериумите за дијагностицирање на мултипла склероза ;Лезии на видните патишта, пред се на ниво на хијазмата и ретрохирахијазматски лезии- Дијабетична ретинопатија- Ретробулбарен неврит- Кортикално слепило и сл.

Аудитивните евоцирани потенцијали и потенцијалите на мозочно стебло – БАЕП, претставуваат неврофизиолошки тест за испитување на функцијата на периферниот и централниот дел на акустичниот пат и неговите структури во мозочно стебло. БАЕП се користи во одредувањето на висината на оштетувањето на слухот поради оштетување на неговата кондуктивна спроводливост, поради тумори на мозочното стебло, васкуларни оштетувања на мозочното стебло и каротидна болест, демиелинизаторни заболувања, во дијагностицирање на вертигинозните синдроми од кое ниво настануваат, церебрални трауми, трауми на увото, церебрална смрт.

Соматосензорни евоцирани потенцијали – СЕП

Соматосензорните евоцирани потенцијали служат за испитување на функционалната состојба на соматосензорниот систем. Се добиваат со електрична стимулација со површински електроди на периферните нерви на рацете и нозете при што се регистрира одговор од одредени места на екстремитетот, рбетниот и големиот мозок. Оваа метода се применува во дијагностицирање на:- Висинската локализација на лезиите на соматосензорните патишта -Трауматско или компресивно оштетување на рбетниот мозок, невропатии, оштетување на нервните плексуси, мултипла склероза, цереброваскуларни заболувања и церебрална траума.