Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

08.07.2022

Хронична болка во вратот

Според Интернационалната Асоцијација за истражување на болката (IASP) за хронична болка во вратот се смета онаа болка која што е локализирана во било која регија од цервикалниот `рбет, од окципиталната коска па се до спинозниот израсток на првиот торакален пршлен.
Болката во вратот се смета за таква со или без проградирање кон главата, телото или горните екстремитети.

За хронична болка се смета онаа болка која што трае 12 недели или повеќе. Оваа болка се карактеризира со хипералгезија при палпација на регијата на вратот и рамениците, и е поизразена при сите движења во вратот и рамениот појас.

30% од пациентите со болка во вратот во траење подолго од 6 месеци ќе развијат хронични симптоми. Ова влијае на 14% од сите лица кои доживуваат состојби со болка во вратот. 37% од лицата кои имаат болка во вратот, пријавуваат постојани проблеми во траење од најмалку 12 месеци.
5% од возрасната популација со болка во вратот ќе биде оневозможена од болката, што претставува сериозен здравствен проблем.

Физиотерапевтскиот третман при хронична болка во вратот е базиран според класификацијата на состојбата

При болка во вратот со дефицит во движењата, третманот опфаќа:

  • Манипулација на торакален и цервикален `рбет со мобилизација на зглобовите
  • Комбинирани вежби за цервикална/скапулоторакална регија: невромускулни вежби (на пр. Координација, проприоцепција и постурален тренинг), истегнување, зајакнување, аеробно кондиционирање и третман на когнитивно зафатените елементи
  • Dry needling, ласер, механичка или мануелна тракција
  • Кинезиотејпинг.

Хронична болка во вратот со нарушување на координацијата

  • Едукација на пациентите и давање совети со фокус на уверување, охрабрување, прогноза и третман на болката
  • Мобилизација комбинирана со индивидуализирана, прогресивна и субмаксимална програма на вежби вклучувајќи цервикоторакално зајакнување, издржливост, флексибилност, координација и когнитивна терапија
  • Тенс
  • Функционална магнетна стимулација.

Хронична болка во вратот пропратена со главоболка

Во оваа состојба се врши манипулација на цервикална и цервико-торакална регија. Мобилизација на зглобовите на вратот во комбинација со вежби за истегнување на рамениците и вратот, зајакнување на мускулатурата и вежби за издржливост.

Хронична болка во вратот со радијациона болка

  • Тракција на цервикалниот `рбет во комбинација со истегнување на мускулите и мобилизација на зглобовите.
  • Едукација за вежби во домашни услови.

Никодин Вељановски
Специјализиран физиотерапевт