00389 2 3091 484
мај 05,2019
– Пациентката дојде на преглед поради болки во пределот на стомакот. За тоа била на лекар во Прилеп каде што и било ординирано терапија за желудник но бидејќи тегобите не и поминувале дојде на преглед во нашата клиника поради тоа што претходно јас сум го оперирал нејзиниот зет од сестра. Веднаш на прегледот се забележа дека се работи за голем абдоминален тумор–вака го започнува објаснувањето на случајот кој минатата недела го забележавме во нашата клиника Прим. Д-р Хаџи-Манчев Мане – специјалист општ хирург во Zan Mitrev Clinic.
Навидум без некои сериозни индикации, без специфична болка туку со мали и нередовни тегоби 49 – годишната пациентка од Прилеп ги поминала сите доктори во својот град за да и кажат дека не боледува од ништо и дека нема ништо несекојдневно во своето тело. На инсистирање на својот сопруг дошла на преглед во нашата клиника по што следувал шокот од она што нашиот тим лекари на чело со Хаџи-Манчев го констатирал.
– Немав некои посериозни болки но понекогаш имав некакво боцкање во пределот на дијафрагмата при наведнување. Работам како шнајдерка, но и земјоделство без никаков проблем. Имам супер апетит, немам никаков стрес и си живеам нормален живот. Од матичната докторка не добив никакви предупредувања дека нешто сериозно ми се случува но по инсистирање на мојот сопруг сепак дојдов на проверка, преглед, во клиничката болница „Жан Митрев“. По прегледот од докторот следуваше шокот за мене и за моето семејство. Сознанието дека во моето тело имам тумор околу 5 килограми одекна во моите уши како силен тресок кој буквално ме бутна во кревет. Не можев да се освестам што чув но немаше време за паника, сожалување ниту пак за размислување што да се прави. Туморот беше толку голем што бараше итна операција која тука докторите ја спроведоа беспрекорно. Јас и сè уште сум во бунило што се ми се случи но голема благодарност до целиот тим на клиниката „Жан Митрев“ за тоа што ми го спасија животот–раскажа нашата пациентка која сега по операцијата е видно изморена но сепак многу смирена, спокојна.
Д-р Хаџи-Манчев дообјаснува како поминала целата процедура од дијагностицирање на состојбата па се до оперативниот зафат.
– Веднаш се направи компјутер на стомакот и се виде дека се работи за голем цистичен тумор со најверојатно потекло од десниот јајник. Бидејќи туморот беше премногу голем на пациентката и се предложи веднаш оперативен третман поради опасноста од евентуално негово. После два дена од дијагностицирањето се влезе во сала и се направи отстранување на туморот заедно со десниот јајник. Препаратот е со тежина некаде околу 5-6 килограми и е испратен на патохистолошка обработка. Специфицноста е во тоа што пациентката воопшто не била препозната дека има туморозна форамција во абдоменот иако била на преглед во матичниот град. Брзата и ефикасна дијагноза како и брзиот третман беше полн погодок кај овој човечки живот кој не се знаеше како ќе заврши доколку не се обратеше кај нас. Пациентката е добра и веќе е на домашно лекување постепено враќајќи им се на секојдневните работи – објаснува Прим. Д-р Хаџи-Манчев Мане – специјалист општ хирург во Zan Mitrev Clinic.
Брзо закрепнување посакува целиот тим на Zan Mitrev Clinic.