Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

10.03.2015

Јавна благодарност за Д-р Жан Митрев напишана на нашата фејсбук фан страна

Јавна благодарност за Д-р Жан Митрев напишана на нашата фејсбук фан страна

Почитуван Д-р Жан Митрев,

“Дозволете од името на семејството на Вашиот пациент Кире Јанкулоски да Ви изразиме голема благодарност за беспрекорната грижа и добиената здравствена услуга во Специјалната болница „Филип Втори“ – Скопје. Не знаеме дали постојат зборови со кои ќе може да се искаже сe она што се чувствува кога човек сака да се заблагодари за, пред сe, професионалноста и човечноста која ја поседувате Вие и Вашиот тим, целиот персонал кој деноноќно се грижеше за нашиот Кире, но посакуваме барем ова да поттикне многу други да го следат вашиот пример. Покажавте висока стручност и професионалност со целиот медицински персонал, техничко-технолошка опременост, најсовремени дијагностички методи, оперативни зафати и други медицински постапки, висок степен на хигиена и комфор во собите за хоспитализација на пациенти, со што овозможивте врвна здравствена услуга при лекувањето на Кире Јанкулоски. Овозможивте хуман, пријателски и достоинствен однос и кон пациентот и кон неговите најблиски – нешто што нема цена кога се плашиме за животот и здравјето, кога ни е најтешко. Бевте како дел од нашето семејство и затоа сме Ви бескрајно благодарни.Почитуван д-р Жан Митрев, огромно БЛАГОДАРАМ за сe што направивте за време на лекувањето, за грижата, за трпеливоста, за добрината и топлината со кои ни дававте сила за да не се предадеме предвреме. Вашата беспрекорна професионалност, посветеност на работата и енергичниот дух заедно со Вашите вработени претставуваат пример за грижа на пациентите, која овозможи задржување на достоинството и интимата на пациентот, како и достоинството и вредноста на човечкиот живот. Истовремено им изразуваме особена благодарност на д-р Тања Анѓушева, д-р Горан Јовиќ, д-р Енвер Идоски и на целиот персонал на „Филип Втори“. Имате врвен медицински тим, кој го одликува максимална љубезност и човечка димензија. Ви посакуваме секогаш да ви се отворени патиштата до исклучителни врвни достигнувања во здравствените услуги. Посакуваме и во иднина оваа здравствена установа да биде пример за одговорен пристап, висок професионализам, голема одговорност на целиот тим, максимална љубезност и човечка димензија, она што е одлика само за најголемите и најуспешните”

Со бескрајна благодарност и почитсемејството на Кире Јанкулоски