Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

25.11.2020

КАКО ДО ОТКРИВАЊЕ И ЛЕКУВАЊЕ НА ХРОНИЧНАТА БУБРЕЖНА БОЛЕСТ КАЈ БОЛНИТЕ?

Хроничната бубрежна болест претставува современа епидемија на развиеното општрество денес во светот. Според американските научници до 15% од светското население има некој тип на намалување на стапката на гломеруларната филтрација а со тоа се наоѓа во некој стадиум на Хроничната бубрежна болест. Најтешкот стадиум на ХББ е петтиот кога треба да се започне со таканаречена ренална заместителна терапија, односно да се примени некој тип на замена на бубрежната функција како што е тоа хемодијализа, перитонеална дијализа и/или бубрежна трансплантација. Се дотогаш болните се во наши раце и секогаш е можно нешто да се направи, да се забави процесот кон дефитивно уништување на благородното бубрежно ткиво. Впечатлив придонес во развојот на ХББ денес претставуваат болните од нашата Клиника, оние кои се оперираат од срецви и крвносадовни болести и оние кои се во напредната возраст. Срцево-садовните болести ги оштетуваат не само срцето и ткивата на периферијата на организмот, туку претставуваат значаен чинител во оштетувањата на другите органи како што се бубрезите. За жал се работи за најчесто истородни процеси кои се одвиваат насекаде во организмот кои се најчесто и најдоминантно срцеви но кои имаат исто или слично дејство и врз бубрезите, мозокот и другите органи. Скоро сите болни кои се лекуваат денес од срцеви заболувања по хируршки пат имаат некој тип на ХББ кој е веке присутен со самиот прием на Клиниката. Оттаму е многу значајна нефролошката обработка на болните која покрај срцево-садовната болест ќе ни ја открие и бубрежната лезија, а со тоа, ќе ни укаже на натамошните мерки и процедури кои ни стојат на располагање за да го спречиме развојот на ХББ до фамозниот  петти стадиум кога мораме да започнеме со дијализа или трансплантација на бубрег.

 Кои мерки ни стојат на располагање за спречување на натамошниот развој на ХББ кај болните кои се оперирани од кардиошки или васкуларни феномени? Ке ги набројам подолу:

  • Прво треба да се увериме дека ХББ е присутна кај 90% од нашата популација на болни кои ги имаме секојдневно на нашата Клиника. Откако тоа ке го сфатимје, ке треба да се определи стапката на гломеруларна филтрација која ни е главен мериторен факт според која го определуваме стадиумот во кој болниот се наоѓа. За тоа ни е потребна едноставна формула која најчесто ја имаме на нашите мобилни телефони. Од досегашното искуство, сметам дека повекето болни се наоѓаат во 3-4 стадиум на ХББ што значи дека 5 стадиум е доволно блиску на него да размислуваме.

 

  • Сите овие болни со различен стадиум на ХББ треба интензивно да следат и лекуваат согласно нефролошката доктрина, што значи дека покрај кардиолошката треба да имаат и редовна контрола од нефролог. Редовните контроли треба да бидат следени со контрола на стапката на гломеруларната филтрација, појава на пропуштање на протеините во урината и крвната слика. Честотата на контролните прегледи зависи од стадиумот на ХББ. Оттаму доколку е тој повеќе од 4 степен, треба да се гледа почесто, односно секој 1-2 месеци. Доколку е тој, пак, трет степен ( особено ако е а) тогаш контролите треба да бидат на секој три месеци.

 

  • Основна цел на нефрологот кај овие болни е да го сочува стадиумот на ХББ, односно да не дозволи болеста да продолжи да се шири кон стадиумиот 5. За оваа цел тој има повеќе механизми кои се делотворни доколку болниот до нив се приджува. Оттаму болниот треба да се убеди дека е бубрежен болен и дека оштетувањето на бубрезите може да го изненади и да започне со лекување на хемодијализа. Со други зборови, ХББ е една од најважните задачи на секој срцев болен, особено тиа пациенти кои се наоѓаат во напредната возраст.

 

  • Хигиено-диететски режим претставува еден од основните механизми со кој сигурно се помага на организмот да се справи со покачената уреа и креатинин. СМисолот на овие мерки е да се даде таков тип на исхрана која ке биде сиромашна со протеини заради тоа што од метаболизмот на протеините зависи и концентрацијата на уреа во серумот на болниот. 85% од вкупно внесебитѕе протеини во црниот дроб се претвораат во уреа. Доколку болниот земе исхрана богата со протеини тогаш ке скокне и вредноста на уреа во серумот а таа може да се исфрли само преку бубрезите. Диетата сиромашна со протени може да биде различна по форма и големина. Тоа зависи во кој стадиум на ХББ се наоѓа болниот. Построга диета сиромашна со протеини означува внес на протеини од 0.5-0.6 грама на 1 кгр телесна тежина. Полабавата диета подразбира внос од 0.8 грама протеини. Секој болен добива специјален лист на протеински структури кои се познати и вообичаено се наоѓаат во фрастителен или животнски облик.

 

  • Употребата на медикаменти значи воглавно земање на средтсва кои ја зголемуваат алкалноста на организмот, односно средства како што е Натриум Хидроген Бикарбонат ( сода бикарбона) која треба да се земе два пати дневно. Освен ова треба да се земе и табелти Калциум Карбонат најчесто два пати дневно во тек на јадење. Овој медикамент спаѓа во групата на врзувачи на фосфор во гастро-интестиналниот тракт со што започнува една долга борба против секундарниот хиперпаратироидизам, толку чест кај ХББ. Доколку вон еден момент повеќе не се успее во контролата на фосфорот во серумот на болните, треба да се превземе паратиреодектомија, односно да се извадат паратироидните жлезди.

 

  • Останатите медикаменти се усмерени за контрола на крвниот притисок од кои директно зависи натамошното оштетување на бубрезите. Овие медикаменти се мошне значајни затоа што болен со срцево-садовно заболување и ХББ не смее да има покачен крвен притисок. Денес постојат антихипертензиви од најразлична генеза и потребна е умешност и знаење кога и со што да се делува.

 

  • Современ пристап на болните со ХББ претставува е давањето на Еритропоетин, хормон кој ја помага еритрогенезата и е прилично поволен и ефективен кај болни кои имаат некој степен на анемичен синдром. Анемијата е речиси постојан придружник на болните со срцево-садовни заболувања а добрата крвна слика е непходна за подобро преживување на болните. Значаен дел во генезата на анемијата кај овој тип болни доаѓа и од ослабената функција на бубрезите затоа штотој хормон се лачи во нормални количини кога имаме здрави бубрези. Еритропеотинот е добиен со генетски инжињеринг и денес се наоѓа во огромна примена кај сите болни со ХББ.

 

  • Исто така е важно болните со напреднат стадиум на ХББ да не се испраќаат рутински на КТ или МРИ затоа што контрастот што се добива најчесто е штетен за оштетените бубрези. Денес многу од овие болни на кои им треба КТ нефрологот ги испраќа на снимање со назнака колку треба да примаат контраст или дали воопшто треба да примаат. Тоа е еден од начините на штедење на бубрежното ткиво кое е оштетено кај овие болни. Исто така веке постојат сериозни зафати на нашата Клиника дел од овие болни да се поштедат од прекумерен контраст. Во овој смисол постои и правилник за постапување кога ке се јави ваков случај.

На овој начин е можно да се лекуваат овој тип болни кога е потребна здружена акција на интренистите кардиолози и нефролози. Пристапот е комплексен и зависи од состојбата насекој болен одделно. Исто така е неопходно секој болен да биде свесен за својата состојба и да се придржува до хигиено-диететските мерки, да ја разбере хипертензијата, склоноста кон дебелеење и начиниуте за нивно отстранување од организмот. Грижата за бубрезите кај овој тип болни ја чини поуспешна и интервенцијата на колегите кардиохирурзи во операционата сала.

 

Проф. Д-р Нинослав Ивановски
Спец. по интерна медицина, Супспец. по нефрологија