Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

12.01.2016

Како знаеме дека ни треба психотерапија

Како знаеме дека ни треба психотерапија

Барањето стручна помош не е знак а слабост туку знак на храброст

Прашањето дали да се оди на психотерапија и да се побара професионална помош, е прашање кое многумина ги оптоварува. Првиот знак дека ни е потребна психотерапија е кога сме се обиделе со се` што сме знаеле, но не функционирало, кога се чувствуваме подолго време разочарано, анксиозно или вознемирено, кога не сме во можност нормално да ги извршуваме обврските. Притоа, многу значајно е внимателно да се направи изборот на терапевтот.

Постојат бројни индикатори кои може да упатуваат на потребата за психотерапија. Тоа може да се проблеми во бракот, партнерството или семејството, може да е злоупотреба на алкохол или дроги, осаменост, депресија, сексуални проблеми, необјасниви физички симптоми, потешкотии со вработување, неможност за јасно поставување и исполнување на целите, ниска самодоверба, менување на живеалиште, загуба на блиска особа, проблеми со спиење, прилагодување кон одредена болест. Личноста може да доживува повторувачки проблеми, да се доживува дека е заглавена или да има чувство како постојано го губи тлото под нозе.

Мотивот да се посети психотерапевт е различен кај секој човек и зависно од тоа помошта може да биде во форма на поддршка, едукација, водење, себе-спознавање или можност да се научат нови механизми на справување со стрес.

Она што е битно да се запомни е дека барањето помош не е знак на слабост, напротив барањето помош е знак на храброст. Потребно е да не чекаме додека да станеме очајни. Проблемот или препреката полесно ќе ги совладаме ако ги `фатиме` на време. Одложувањето најчесто води кон нивно продлабочување и усложнување.