Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

14.06.2013

Конферецијата за клинички новости во кардиолошки МР и КТ прегледи

Конферецијата за клинички новости во кардиолошки МР и КТ прегледи

Во склоп на Конферецијата за клинички новости во кардиолошки МР и КТ прегледи која редовно се одржува во април месец во Кан , Франција за прв пат оваа година се понуди он лајн едукација организирана од страна на Општата болница Масачусетс , Бостон, САД од одделот за Радиологија кои се овластени за онлајн едукација. Курсот беше активен од 15.02 до 15.04 2013г .Одговорни за курсот беа : Qyunh Truong, MD MPH, Udo Hoffmann MD MPH, и Garry Choy MD (Harvard Medical School, Massachusetts General Hospital, Boston, USA) . http://cannes2013.medconvent.at/cta.htmlВо склоп на курсот имаше можност да се разгледаат и интерпретираат 50 комјутерски коронарографски прегледи односно случаи на коронарни заболувања со различна симптоматологија и наод.Со директно вклучување во работна станица на комјутеризирана томографија во гореспомената болница и претходно инсталирана апликација на наш комјутер имаше можност случаите да се анализираат и рапортираат во вистинско време.

На крајот на секој рапорт следеа коментари и сугестии од надлежните ментори како и споредување на резултатите на партиципантот и резултатите на експертите како и споредување со резултатите од инвазивна коронарографија преку видео презентација на истите случаи.По успешно завршување на курсот секој партиципант добива сертификат .